Антибиотик не е контраиндикација за примање вакцина. Сепак ретко кој родител вакцинира дете што пие антибиотик. Од 10-14 дена сосема доволно.
Заврши вчера со панцеф, имаше бронхит и хемофилус. Мислев после празниците да го вакцинирам имаме уште 1 дтп за примање
Мајки после прва вакцина дтп и рота ревакцина е на овие 2 или нешто плус вакцинираат? За 2мес ни ја закажаа тоа е на 20.05 ама не прашав дали се само ревакцини.
Не е, сите така примаат. Подобро еднаш, отколку 5 пати да го боцкаат секој месец што се вика. Може и да нема никакви симптоми, малото кај мене немал никакви симптомо од вакцино, освен да е покенкав ако го болело местото, сите бебиња така примаат.
Во понеделникот примивме само рота и стрептокока. Од вчера носето и тече и денеска има 37.4 температура. Дали може да е од вакцината или настината е?
Ослабува имунитетот после примена вакцина, така и се фаќаат вируси или настинки, а не дека може нос да тече од вакцината.. ТТ може да биде реакција, иако и не ни мн висока.
Здраво, дали знаете дали сеуште има две смени за вакцинирање во Букурешт? Конкретно за утре (четврток) ми треба информација ако знае некој. Фала ви.
@Fenix05 Три вакцини се ко што знам, Ди-те-пер и Рота втора доза, и за Стрептокока, веројатно таа е Преневар. Ние понеделник сме ако е ок крвната слика. Бидејки со зелена кака е веке 6ти ден (отеков во сите теми со какава ) , но сакав да прашам, доколу се работи за вироза, ке одложат нормално нели. За Ди-те-пер и Преневар не е проблем и подоцна. Но Рота до кога најдоцна треба втора доза? Нас не закажаа на точно 2месеци после првата. Се плашам дека ке ја пропуштиме
Ај и тука да прашам. Мајки едно прашање за вакцината ммр. Дали на време ја ставивте или ја одложувате? Сега на 9месеци треба да ја прими малата па ми треба мислење.