Фала ви женски. Ние увелико дигнавме вечерва тт до 38.3. Со туширање и спадна. Се надевам дека утре ќе биде повесела
Најмалку 2 недели чувај го. Паѓа имунитет доста со мрп. Мојот фати варичела лани седеше дома месец дена, па го пуштив и пак се разболе, а не пак со мрп.
Денес околу 21.00 падна малото и на ивица од едно бетонско ѕидче ја расече веѓата, отидовме на ургентен и му ставија 2 кончиња, го шиеаја така на живо, срце ме боли колку плачеше. Ни дадоа сируп трицеф, и рекоа да прими вакцина за тетанус, до сега нема примено ни една доза, цело време ги одложуваат вакцините заради анемија и моја здравствена историја. Дали сега морам да го вакцинирам, во кој рок, не знам што да правам, дали може да пројде само со антибиотик. Дали таа е засебна вакцина за тетанус или треба комплет с прими дитепер? Утре ке се слушнам и со матичната. Ако има некоја мајка што не вакцинира да ми пише како се постапува во вакви случаеви? Има 21 месец
Не се нормални, сто пати реков да му стават анестезија, тој само ќути докторот, дали и разбира доволно мк незнам, албанец беше, уште го прашав што да му дадам дома, дали треба некој сируп ми рече прочитај си во извештајот, ете такви лекари и такво здравство имаме, па после луди сме биле што се плашиме од лекари и од вакцини.
Леле, среќа не им се погодил мм у таква ситуација, не дај Боже само, ама се исклучува скроз, толку мало детенце да не му стават анестезија, немам коментар, тотално се забегани!!! За здравствово не ми збори, операција чекаме 6 месеци, ова не се доктори ова се за пари зинати! Со помин нека ви е, давај и за болка нешто.
Мојата вирус фати после 1 недела од примање на вакцина. Тој со кашлање што беше. Иато и на 4м се случи само 3 дена кашлаше и се смири ама се поклопи тогаш со ова песоков од сахара па најверојатно од тоа кашлаше зошто потекуваше само надвор кога ќе ја извадев тие 3 дена.
Локална само му ставиле ама тоа не помага боли. И моето го шиеја ама не прими тетанус зошто немаше потреба веќе беше вакциниран на време.
Дали е нормално да е тврдо местото на боцнатото? И беше црвено еден ден ,помина. Сега и е како тврдо топче
Мајки ,прашање. Сакаме да ставаме МРП. Е сега,дали трева пред тоа после тоа изолација и дали е сега многу топло ?
Ние ставивме пред некој месец. Пред и после тоа и правев некаде 2 недели пауза од градинка. Прво да е скроз здрава, а после тоа по препорака на доктор да е барем 10тина дена дома. Е сега тоа ако имаш услов за така. Плус ние ептен во сезона на вируси, грип и се останато стававме, баш на крај на зима.
Kaj nas se bese ok pred vakcina i krvna slika i se , so luge ne sum go mesala i pogotovo go pazam da nema kontakt so deca sto odat vo gradinka i skolo e kaslanjevo stv neznam sto e , primi vakcina i pocna da se nakasluva , tt eden den samo 38.5
Може да е вирусот. Вирусот може и од продавница да го закачиш. Плус лош период е топло ладно и толку треба.
Здраво мајки ми треба совет. Детето ми е 2 ипол години и уште ја немаме примано мрп вакцината. Кога се роди после еден месец имавме проблем со крвави столици и се води алергичен на кравји протеини. Хемоглобинот нонстоп му беше низок поради крварењето додека да откриеме што формула да пие. Сега еве година немаме направено крвна слика и сме надвор од Мк. Кај матичен доктор кога бевме ми рече ако сакаш може сега веднаш да го боцнеме, ама тогаш му течеше носето и страв ми беше. Иако таа ми рече само ако има температура нема да го боцнеме вака не е ништо. Сега скоро пак бевме и прашував дека сакам крвна слика да направиме, таа ме убедува дека нема потреба и ако треба да прави крвна слика треба да наведува за што точно бла бла и дека тука не проверуваат крвна слика пред вакцини. Искрено незнам што да правам од една страна ми стои таа вакцина на глава и сакам да ја примиме, од друга страна една пријателка уште кога беше мал ми ја изнаполни главата со секакви информации и премногу се плашам. Како мајка неможам да пресечам што да направам и како да постапам.