Поделени мислења ќе наидеш на темава ако пребараш поназад. Лично јас без крвна слика не вакцинирам дете.
На 14 Мај прими ДТП, ни остана уште МРП, па сакам да прашам отприлика колку време да помине за да го боцнам. Пред 10 дена завршивме со антибиотик, матичната вика можеш да боцкаш ама па некако на мисла ми е..почнав да давам сируп well baby, малку за имунитет да поткренеме...па после недела дена да го боцнам..
Тоа ти што го даваш се витамини да кажеме да се надополни дневниот внес ако не го прима преку храна. За да се поттикне имунитетот се даваат имуностимулатори како Дефенилот со бета глукан итн. Со ова што ти го даваш само ќе бара повеќе да јаде. Нормално е дека ќе настине, ќе се разболи итн доколку не е по 2 до 3 пати во месец разболено немаш потреба од тоа сепак се хемикалии во прашање. Мрп можеш да боцкаш али после тоа пази го и сега пред да прими барем месец дена за да не се меша со деца зошто паѓа имунитетот од таа вакцина.
Уште мрп вакцината ни остана, скоро ќе има 3 години, дали е подобро му направам брисеви, крвна слика па ако има бактерии со капки терапија па ако направам повторно брисеви ако е чист да го вакцинирам или? За матичната не е проблем ни бактерија ни тоа што кашла
Јас направив брисеви за син ми и имаше стрептокока А во грло и стафилокок во нос. И за матичната не беше тоа проблем. Во диспанзер ме вратија, докторката ми рече мн ке му падне имунитетот од мрп, тек тогаш може да му се појават симптоми посебно од бактеријата во грло. Ми рече додека не е чисто нема да го вакцинираме. И матичната уште се инаетеше не даваше антибиотик па по 10 дена пак ја имаше и тогаш ми даде ама се одолговечи многу и не го вакцинирав (ова беше лани). А годинава му напрајв к.с со црп, направив брз стреп тест од грло(чисто беше) и го вакцинирав.
Извинете што упаѓам ама може на некој ќе му се најде во иднина информацијата. Не ставаат за шиење за 3 конци никаде анестезија на мали деца зошто мрдаат и дур стаи анестезија ќе го сошијат. Плус секоја анестезија носи ризик од реакција па се мери бенефит вс ризик. И син ми дупна глава на 20 месеци, во стара градска го однесов, 4 конци на чело на живо му ставија за 1 минута што мене ми се чинеше вечност. 3ца го држевме да стои мирен, јас мајка го гледав како вришти па таа слика ја сонував со месеци, татко му што паѓа во несвес кога ќе види игла и чичко му доктор кој видел свашта ама плачеше дур го шиеа. Секако го знаевме и хирургот што го шиеше, ни објасни тој зошто не ставаат и тоа е тоа. Како треба ќе прават. И не е до здравството, не е ни до докторите. И во Систина не ставаат анестезија за толкава рана.
Јасно тоа што се вика и на пораѓај затоа е со спинална, а не целосна анестезија за царски. Исто и за други интервенции над 5 години доколку нема некој преголем ризик да е во животозагрозувачка ситуација.
Da prasam majkicki, denes treta doza vakcini primavme na 6m. Na ednoto butce ima crveno krugce kaj ubodot, kaj sto bese bocnata sestovalentnata. Kako moneta od 5 denari tolkavo e, i kožata e rapava crvena i ispaknata malce. Da se panicam da vrtam utre po lekari ili ne? Do sega nemal takva reakcija, zatoa mi e na misla.
Stavam acidi borici. I jas mislam loso bese bocnat, posto se iznaplaka mnogu, drug pat volku ne mi placel. Sega spie, ako utre mi se zali ke dadam paracetamol. Fala vi na brzite odgovori
На колку недели се примаат поливалентните вакцини прва и втора доза? Мене ми закажаа за 7 недели ама ме интересира ако не сме тука максимум кога може да прими втора доза?