Мајки со поголеми бебиња прашање. Бебе ми е со позитивен ковид тест од четвртокот, нема веќе симптоми фала богу. Но, закажани бевме за вакцина утре, не го носам сигурно, па ме интересира после колку време од ковид го носевте бебето за вакцини? Треба да прими петтовалентна веројатно ( втората вакцина по ред) и втора доза рота
Majki na skolski deca, kako pominavte so vakcinite vo prvo i vtoro sto se stavaat, mmr i dtp revakcini? Nie sea treto ke bideme gi kasnime tie dve od opravdani pricini ama malku strav me faka plus e golem......
ММР ревакцина само има примено, без никаква реакција. И во одделението со неа во тој период што ставаа ММР ревакцина сите беа без реакција.
За први вакцини во Букурешт дали одам директ со книшка и картонче од болница или треба нешто претходно да одам да го пријавам?
Во Јане Сандански за вакцинација на деца од колку до колку работат? Само ми треба потврда да земам и да ископирам картон, не ни носам дете за вакцина.
отечена рака на 3ипол годишно дете после ревакцина со дтп. ставам ациди борици од вчера од кога е боцнат. дали нешто треба друго или само ќе се повлече?
Има одреден период кога се прима рота? Прва доза треба да примат, бебето ќе прави 3 месеци на 27 август, нели се примаше и покасно рота?
И кај син ми имаше оток и црвенило од ДТП, самата вакцина дава такви нус појави, ациду борици менувај облоги, можеш и овие за ладење со гел што се да ги ставаш на отокот, и ако болу давај далерон, ќе помине за 2-3 дена.
Ти кажа некој доктор кога да го носиш? Моево се уште нема симптоми среќа ама јас сум со ковид, а сакав следна недела први вакцини
и ние имавме таква реакција од дтп , ставав и јас ацити борици, не е нишо страшно, само ќе се повлече