Zdravo majki. Me interesira dali ima nekoja majka sto go zapisala deteto vo gradinka a da ne e vakcinirano?
Здраво Малото ми има 14 месеци и треба да ја прими МРП за да почне во градинка. На двоумење сум се и сешто ми зборуваат.. Дали има некој што на своето детенце ја ставиле на оваа возраст? Што е битно одвен крвна слика пред вакцината? Дали има потреба од некои подебни намирници да се воведени пред неа?
Керќата ја прими на 14, никаква реакција. Тоа со белка од јајце да се воведе не важи веќе, прашував јас зашто ќерката тогаш беше алергична на јајце. Инаку на 14 мес сите треба да ја примат, а тоа што сите се прават доктори и си одолговлекуваат на своја рака е друг муабет.
Да, се работи за DTPa, IPV, Hib, HBV (една вакцина е, трета доза на 12м). 6ти ден како има топче внатре тврдо, црвено нема веќе. Педијатарот кажа 2-3дена може да има, велам има уште ама се намалува, вели не е страшно, ако сакаш можеш да дојдеш ќе ја видиме. Го приметивме уште тогаш дека длабоко ја удри иглата.
Во приватна може,тука нема закон не закон нивна полиса е тоа. А во државна мора,ама во скопје има еден куп такс што ги запишуваат со врски.
Маж ми е позитивен на корона, а еве осеќам и јас дека ќе се разболам. Наредна недела сакав да го носам на прва вакцина малово. Ако се разболи и он знаете дали поради корона одложуваат и на колку време би била одложена?
Ќе ти одложат како и после секој вирус. Ние имавме корона, бебе не фати, откако оздравев јас после 1 недела го вакцинирав со хекса и рота.
Фала ти. Се надевам нема да се разболи. Мене ми е највеќе за ротата дека најкасно до 12та недела може да ја прими. Драго ми е што се е ок со твоето бебче.
Ние сме исто моментално. Ја одложивме пошто треба да направиме уште едно (се молам дека е последно) ехо на мозоче, ќе си ја прими овој месец, од 1ви сме во градинка за зборење, не слушам што ми збори никој, ни за ни против вакцини. Се консултирав со педијатарот и ми рече да ја ставиме после ехото, секако ако се е во ред. А среќата мајкина проодува, и само се плеска, додека стигнеме на ехо главата сол
Утре сме со ќерка ми (3 години) на трета доза дитепер, вака ми делува здраво ќе и направам сабајле и кс. Јас имам во грло стрептокок пигоен (редовно го имам па го немам, некогаш пијам антибитоик ако исм симптоми нинаку не. Да ја вакцинирам?
Здравје, во понеделник сакам да ја ставиме конечно мрп, има полни 2 год… Крвна слика со црп да направам викендот? И дали ги оставате дома отпосле или може во градинка од следен ден?
Оф леле и јас мислам така ама нема кој… искористивме одмори, работа од дома, мора на работа и моите и ние… Само боледување да отворам останува ама па ако после недела две пројави реакција, тогаш не знам што ќе се прави…