Пред 8 дена ја вакциниравме со Мрп на точно 2 год, истата ден направивме кс со црп во биотек. Надвор ја шетаме и си игра, само во градинка не ја носеме овие две недели, комбинираме со одмор и баба за чување.
Кога ја повлековте од градинка и дали по сугестија од доктор? Јас го оставив дома недела дена пред (т.е сега моментално), ама за отпосле не знам, матичната ништо не ми посочи дека треба дома, ко за мн работи од страна разбрав…
Една недела пред вакцина на одмор бевме, а инсче док од диспанзер ни посочи ако можеме да се снајдеме да поседи дома баш ради задоцнетата реакција.
Мрп дава реакција на 9, 10 ден. Иако големиот син немаше никаква реакција, примена вакцина на 16м. Малото сега на 14м ваљда ќе го вакцинираме
Две недели ама тоа ради задоцнетата реакција, баш со докторката зборевме вика дане крене таму температура, иначе има мн родители ги носат во градинка што ги знам, едноставно нема кој да ги чува. Е сега и имунитетот ќе падне ама јачаме со витамини и храна.
Мн се нервирам, матичнава ништо не дава за имунитет, си јадел се, да ама тоа не е доволно… Сама копам барам, читам тука па ќе ја прашам и тогаш ќе каже па може да… Ќе го префрлам на др матичен, не се осеќам сигурно со Неа ич
Денес бев за трета дитепер, ама докторката ми предложи мрп да ја ставам поради можност од зголемени случаи. И ја послушав. Е сега неа носето малце и течеше ама крвната слика беше добра. Поручеква поќе некако и како да грчи. Докторката ми рече дс гледам 20 дена барем антибитоик да не пие и сега шубе ми е. Смеам да давам виранто нешто или тајлолколд? И пишав и на матичната нејзина ама покасно враќа.
а што давате вие? Еден доктор вика молерс, друг вика не тоа, од страна викаат дефендил, на форум читам киндеримуно…
Дефендил е имуностимулатор и педијатри не го препорачуваат на генерално здрави деца. Молерс давав порано, исто и киндер имуно. На големиот сега давам пробиотик и вит ц само. На бебето плус вит д и б. Ќе додадам омега (молерс) да направи годинка.
Здраво мамички денес примивме вакцините што се на 2 месеца една во уста и една ноџе.. сакам да прашам оваа што е за ротава (во уста) дали ви има дадено повраќање ? Некако од после 3часа од вакцината почна лежејќи да ми повраќа како вода но бело од млекото, не е бљуцкање туку како повраќање (млаз) .. има некој искуство? Повеќе цицаме дали од што повраќа па како нон стоп да ми е гладна .. тт немаме фала богу до сега но повеќе ми е ладна раце лице носе нозе тело.. тт е 36.3
Јас го чував 1 недела дома пред вакцина и матичната не сакаше да ми отвори боледување 2 недели, вика ќе ти дадам после 7ми ден ако/кога би кренал температура. Ми рече глупости биле нови на мајките, здраво дете може да иде во градинка после вакцина. Со оглед дека немам кој да ми го чува, само на денот на вакцинирање и наредниот ден после вакцина беше дома и денес го пуштив во градинка. Се расправав со неа, дури и се расплакав од стрес и кажав дека со крвна слика направена може да ми даде 2 недели боледување не сакаше никако.
Ја моментално би ја сменила, не за боледување што не дала, дали треба или не треба, туку зошто не те поддржала и затоа што оставила да се растревожиш. Не е секој ден ваква вакцина, тоа е здраво дете, но со намален имунитет од вакцината, ако имала можност да ти даде боледување и ти бараш, требало. Мора да има убава комуникација со матичен доктор, посебно за дете
Мајки помагајте. Дали може да има реакција од мрп на 7ми ден? Малата ми крена температура а дува и секрет густ боја како млечна. Сега суммпреплашена. Дали се случило на некоја мајка да настине дете за време на мрп?
Не е ништо страшно, не се секирајте. Ослабнат е имунитетот па може нешто закачила меѓутоа ништо страшно, однесувајте се исто како и кога не би имала примено вакцина. До 38,5 ладење, туширање, над тоа антипиретик. Реакција може да има во период од две недели, било кој ден а пример 10/11 најчесто. Со лесно. пс: ние фативме стомачен вирус на 7 ден и поминавме ок.
Денес мрп… од утре во градинка, така кажаа и матичните и докторите што го боцнаа.. Ми кажаа реакција околу 7ми ден, матичниот вика околу 10ти ден… Јас преплашена веќе сум, има скоро 2 год и 2 месеца… Си збори кога сака и што сака, моторика/контакт/наредби одамна следи и има… Со Господ напред, на другите вакцини немал реакции
Еве ние 7ми ден, со температура сме. Ама и настинати сме со дебел секрет и незнам што да мислсм. Најверојатно е префатена од брат и, тој суво кашла,или од мрп незнам… дај боже добро да е се.