Мајки, како се овие вакцини кај нас? Тука по сѐ изгледа педијатрите наеднаш препорачуват да се стават? Како би направиле вие? Рота, со коктелов и плус пневмокока?
Во мк. Од реакции два дена температура, ама не качи повеќе од 38 со 5. Сите вакцини воглавно така ги помина, не сме имале потешки реакции.
Јас не очекував 3, се изнаплакав сеа во кола. Едвај и таа ротата ја испи, им исплука.. и држеа носе да голтне. После две во бутки. Никогаш така не вриштела И сега спие во кола, јас плачам.. рота, дитепер и стрептокока...
Душичка мала, со лесно да помине Не ми е јасно зашто сите ги ставаат различно? Мојата на 2 месеци и ставија рота и хекса толку
Да, тие се и тука. Рота прими една доза пред десетина дена, сега втора доза во комбинација од овие коктелов и плус оваа за пневмокок. Затоа се мислам дали е подобро една по една да ги прими и на кој размак. Иначе, овие треба крај на ноември да ги прими.
Е на мојава втора доза рота за 2м и втора доза дитепер (така разбрав, од шок незнам дали точно разбрав).
Искрено не знам дали е дитепер, мене душава ми скина тогаш и за првото и сега , сега на 24 треба втора доза а со растечено носе е цело време
Да таа е, 3 во едно што е. Хекса пишува сега проверив во книшката. Души леле не можам уште да се соземам, едвај чекам да се разбуди
После 15 мин можеш да и дадеш да цица без проблем. Во принцип викаат да не цица веднаш за да не поврати. Ако поминале 15-20 мин дај и слободно
А зошто да не цица после рота? Ние во пон.ја примивме 2 ра доза плус и 2 ра доза од другите две...плачење на најјако имаа и двете. А за цицање ми кажаа можам веднаш дома.Поради повраќање да не цица или за др.нешто?
За да не поврати од течноста што ја испила. 10мин мене ми рекоа да не цица. Баш прашав да не дека можам да се заразам нешто (дека за лигавчето ми рече посебно да го исперам само), но рече не не.. само поради повраќање.
Во петокот моево прими рота и една во бутка, не две :/. Сега ме замисли зошто вие две во бут сте примиле. Вака во болница Букурешт го боцнаа. Иначе немавме никакви реакции од двете. Јас гладен го однесов и си уживаше во пиење на ротата, благичко му дојде . Дома поспа ама малце. Мислам од втора ревакцина имаат повеќето деца реакции. Барем така спомна докторката.
Хекса сте примиле и рота, а ние плус превенар стрептококава... леле мојава и ротата едвај (пола на лигавче мислам отиде)... усте и држеше стиснато нагоре и нос и затнуваше да голта. Ама мојава и со капките д3 ме зеза.. ептен на гладно пред цицање и ги давам само, инаку плука. Иначе килажа да не не сте имале за некоја, па затоа... мојава е 6400...