Прашав и во друга тема ама ајде у тука. Сакам да го носам утре за МРП, PVC и ХИБ Б, не знам дали сите наеднаш ќе ги стават. Во Лондон ги примаше другите вакцини и овие таму се на година, било кога ама сите наеднаш ги ставаат. Таму не ми бараа кс за ниедна вакцина и јас по навика не ми ни текна да го однесам кај матична денес. Вака здрав е ама пие железо беше малце слабокрвен. 18м е инаку. Дали да го носам без кс, дали да ги ставам другите без МРП ако не правам кс? Инаку не ми се брза за МРП ама можно е да тргне во градинка и сакам да е спремен. За другите веќе доцнам изгледа и не сакам да одложувам веќе. Дали треба да го држам во изолација после? Не оди во градинка ама се дружи со деца. Прашав на пунктот кај нас велат не морс кс, а другарка ми ми вели упорно да не го носам без кс. Не знам што да правам.
Јас само после мрп сум ги држела во изолација 2 нед. Дека само таа има одложена реакција. Не дека ќе му биде нешто, ама ако добие симптоми нема да знаеш дали се од вирус или вакцината...
Не сме од Ск, друг град сме и тука не бараат. Ама решив дека ќе го мосам за пцв и другата, а за мрп следна недела со кс.
Ние бевме за мрп пред неколку недели, не ми побараа крвна слика. Ниту пак однесов. Не ми се малтретираше здраво дете да го боцкаат ако нема потреба. Прашај си во вакцинален пункт најдобро. Во врска со изолација, не одеше во градинка, ама не ја изолирав од други деца. Братучетка и оди во градинка, а секој ден се дружат, ја прашав докторката дали да ја изолирам некое време, ми рече нема потреба.
Ние се боцкавме и рота примивме во скок ама добро беше се' До кај 19 недела некаде е скокот горе доле.
Дали сте имале реакција осип по тело од рота, дитепер, стрептокока? Осип под кожа како оној на розеола. По цело телце.. буквално секаде и по раце, нозе. Не изгледа страшно ама сепак го има.
Ние одма после 7часа почнавме со повраќање и какањето одма беше проливче. Со повраќање бевме после секој втор подој негде околу 3дена, а со проливче сите 7дена