А да си го вакцинираш детето? Како што документи треба? Знаеш дека фалсификување на документ е казниво со закон. Како за сите така и за вас ако не сакате не мора да го вакцинирате, нека седи дома
Ne spomnav za falsifikuvanje na nikakov dokument, samo prasav Kako velat starite - Ako se izgores na mlekoto, ke duvas i na matenicata
Добро, не им е страв невакцинирани да ги пуштат во градинка? Си ги прашала? Јас сум од памет извадена што моиве тргаат во јасли па имаат луфта некој месец пред да примат мрп, а не па со ништо да не се вакцинирани. Епидемија на пертусис, да пуштам невакцинирано дете во колектив, боже ме сачувај
Скроз се согласувам со ова. Разбирам и страв и одлука некои што ја носат да не ги вакцинираат океј они си знаат најдобро за нивно дете ама да го мешаш помеѓу други деца зар не ти е страв дека ќе го заразиш и загрозиш здравјето?? Не знам мене лично ми е огромна паника за настинка не па за невакцинирано
Малава моја од ротата што ја прими пред две недели точно уште има пролив неколку пати на ден, кога поминува чудово? Мала ми е да има толку пролив, прва доза, на 2 и пол месеци што е. Имало и кај некој друг вака? Пие пробиотици ама џабе
Кај мојата цел месец беше така, мислев дека е нормално додека не ми кажаа во диспанзер за наредна вакцина дека не е баш. Буквално ја држев во раце и цела ме праеше лом, претечно, обилни и баш долготрајни. Истото се дешаваше и со другите дози.
И кај нас исто со првата доза. Со втората доза рота веќе беше подобро. Кога и кажав како сме поминале од првата доза во вакциналниот пункт ми рекоа да давам дупла доза пробиотик, во мојот случај Рекол и Диастоп .
Па за жал додека сфатам дека не требало така, она веќе сите ги прими и само креваа раменици после, демек тоа е се дешава. А намерно пред секое вакцинирање спомнував, за да ми дадат насоки и од друга вакцина ако има нуспојави ама ништо посебно.
Примена денес 2 доза рота и петовалентна и плус 1 доза стрептокока .. како поминавте? Со првото вакцинирање освен повраќање и проливче немавме ништо друго ја иднесов на педијатар ми дадоа пробиотик. Сега нжво вакцинален пулт ми рекоа одма уште од денес да почнам со пробиотик, само што дојдовме фома поминаа 2часа и одма почна со бљуцкање обилно (повраќање) ќе ставам почесто на града како и првиот пат ама се плашам само од температура да не ми качи. Кога ќе дојдат овие вакцини душа немам во мене ... еве веќе спие 2часа ја пипам не е топла незнам дали да ја будам ..
Не би требало да качи температура. Првите 3 дтп ретко даваат температура. Ставајте облоги кај што е боцнато обавезно, се прави топче.
Понеделникот требаше бсж да ја прима рекоа уште жолто е на лице за нареден пон. Е сега ние дома сите настинавме и незнам како ќе биде до понеделник До кога може да се одложува таа вакцина?
Zdravo devojki Denes pprimivme rota vtora doza Kolku denovi treba po obilno mienje na race za da ne se prenese ?