Детето има 18м. Немаме ставено мрп. На 18м по календар се прима петовалентна. Ако отидеме да се вакцинира,која ќе инсистираат да ја прими? Дали пропуштената мрп или петовалентната? Какво искуство сте имале?
Ако не сакаш да ја стават, нема да ја стават. Им кажуваш и толку е. И да мрчат на тоа ќе остане, кажуваш дека сакаш петовалентна, мрп за понатаму.
Дали после рота вакцината внимававте повеќе? Контакти, мешање со луѓе посебно сега сезона на грип и вируси па страв ми е.
Пнеумокок како се става, пак во ноџе? Овие вакцини ми се стрес невиден, ич не сакам кога плаче и така ја боцкаат под стрес сум додека дојде денот
Аман мајки бидете похрабри. Плачеле на вакцина, а како би плачеле недај боже да се со пневмонија во козле и со 40 темп. 1 секунда е боцкањето а превенцијата за цел живот.бидете појаки бидете пример за детето
Па каде реков дека јас плачам? Јас пред моето дете ништо не покажувам, тоа си е мој стрес и е моментален, додека прими вакцина, а пред тоа само си викам сè да помине добро. Фала ти на советот, ама ќерка ми има и тоа мн да учи од мене за храброст. Не цитирајте на сè и сешто колку да се цитира. Тоа го кажав како и секоја мајка што се грижи за детето, а не дека јас паѓам во несвест кога ја вакцинираат. Ја гушкам и тераме понатака. Фала богу сите вакцини ги примила до сега, мн јасно ми е дека е превенција за цел живот.
Мами со високи леукоцити не би да прими ревакцина така? Иако нема тт или нешто ама некако не би да го носам
Педијатар вика нема потреба од крвна слика. Сакам да и направам на своја рака. Во Биотек ќе ми треба упат или приватно да си платам за бебе?
Со упат е без пари. Примени први вакцини. Колку часа да пратам за симптоми? Ај ротата знам, за другава? Ме фаќа паника, да не не приметам нешто.
До 48 саати. И да качи малце тем, не е температура од инфекција или бактерија, така што не е страшна. Имај си сирупче за секој случај. Лади ноџето со ациди.