За сега сме само прекенкави цел ден. Не мава на сон, не е спиена цел ден. 3 пати по 20 минути спие и станува… една сеа спиеше 45 мин. Само залепена до мене, си јаде нормално. И многу гасови има, за на крај некако топла ми беше да и измерам температура ми се искака на топломерот. Па ајде средувај. Ама 37.4 има, али колку што прашав ми рекоа за бебе е тоа нормална температура. И ставам борова вода на боцнатото, на 2 саати и менувам. Се надевам ќе спие на волку неспиење цел ден. Каката ни е нормална боја. Нормално е? Сите ми спомнаа им менувало боја каката, кај нас си е иста.
Дали за шестовалентната бараат да има килажа од 5кг? Читам поназад во темава во 2020 имаат пишувано дека ги враќале ако немаат над 5кг?
Мислам да. Ги мерат таму, и плус на педијатар кога бевме, не измери и ни рече имате килажа, следна недела за вакцини.
Може. Моето ги има примено сите по календар освен мрп. На 12 месеци кога отидов побарав да му ја стават превенар, на 18 месеци заради актуелната состојба со црната кашлица си ја прими поливалентната. Е сега за жал никако да е здрав да го однесам за мрп еве 2 години направи. Пред нг лежевме козле со пневмонија и сега ми е страв, сакам уште малку да се ојача. А ќе мора и градинка кај и да е да почне и незнам како ќе се вметне вакцинава со болестите . Ако не бива здравје ќе мора да го извадам пак од градинка за да ја ставам.
Ќерка ми со растечен нос ја прими од истата причина. Тешко поминавме ама успешно. И сеа нон стоп нешто настината неможам дитепер да и ја ставам изгледа и таа вака ќе треба.
Ќе ти дадат потврда за одложена вакцинација заради болест. Тоа се важи во градинка. Нема да му стават мрп скоро ако имало пневмонија. Во Јане претпоставувам одите, прекрасни се докторките, нема никаков проблем да имате. Јас ги прашав за мрш, ми ја бараа од градинка, они ми ја одложија на неодредено заради алергии. Секако имам потврда од Козле кои се алергии ги има, ми кажаа да зајакне прво, па ќе ја прими.
Знам ептен се отворени за дискусија. За сега не ми направиле проблем во градинка. Работата е што јас сакам да ја ставам, ама сега поосле пневмонијата ми е страв уште е кревок, особено што во 2 месеци три пати спушташе, од кој последниот пат заглавивме во болница .
Исто и мене ми рекоа при првата доза дека за ревакцина не треба, тогаш направивме крвна они бараа и педијатарот сакаше. Сега здравје треба втора доза и педијатарот рече нема потреба сега, тек на трета ќе направиме. Баш чудно ми падна, наводно се менувал хемоглобинот од бебешки во возрасен и можело да покаже анемија и непотребно демек загриженост. Не знам...
Може ли одма да даде реакција вакцината на 6 мес што се става ? Сабајле го боцнаја накај 10 и 30 сега еве качи тт ..некако набрзо ми е
Исто, денес примивме вакцина во 9h наутро (шест месеци сме) кон 15.30h крена тт 37.4, па се спушти и еве сега вечерва 37.9 пак крева.