Здраво. Ќерка ми наполни 6 пред 1 месец. Ми ѕвонеа да ја носам за втора доза МРП, но пред 2 недели прележа некој вирус со 6 дена температура, поткашлување, апетит заникаде. Дури сега почна да јаде повеќе, сакам барем уште 10тина дена да поминат, да се врати во нормала. Пред 2 месеци прележа варичела. Дали би правеле проблем уште за тие 10 дена?
Ние имавме на втор ден кратко температура, трет и четврт огромни грчеви, еве веќе после недела дена се намалуваат грчевите. Педијатар ни рече наводно не е од ротата, меѓутоа се појавија толку големи грчеви после примање на вакцината, никогаш не биле до толку изразени и до толку да го боли стомаче. Од петовалентната само кратка температура, ставав од тие лепенките на боцнатото.
Дали имате искуство со вакцинирање во поликлиника Ченто? Каков е односот на педијатрите и сестрите, хигиената каква е, како сте задоволни?
Моево дете си остана без трета доза рота.... паника ме фаќа малце. Сестра му беше болна прошла недела, он за среќа ништо. Дали би било оптимално понеселник да го носам третите ги касниме 2 месеци од болести од дада?!
Па сега е здрав, грипот од нејзе не го фати ама предходниве 2 мес 2 пати болен беше, затоа не одевме Сега го чекав и он да развие симптоми ама пу пу ништо нема.
Вчера таман на друга тема се пофалив дека ни намалуваат грчевите од рота (9ти ден денес) вчера вечерта имавме плачки цела ноќ, стискање стомаче, грчење, гасови. До кога ли траат овие грчеви од рота? Има ли надеж? Сте имале ли некој вакво искуство? Таман му се намалија пред рота и си беше супер после вакцината станаа ужасни. Детево нема мир еден ден од нив
Давам уште од кога му се повторија после ротата 4тиот ден, ама и со нив е вака. Се подобри некој ден минимално ама еве вчера пак му се повторија
Јас кога го носев за 3 доза, правевме крвна слика ден претходно, имаше покачени лимфоцити, намалени неутрофили, ама малце под граница, матичната кажа да прима, а му течеше нос и киваше, немаше температура. Немало спуштено на гради. И таму пред вакцина, докторката го преслуша, кажа може да ја прима.
Здраво. Вчера примија 3та доза 6валентна + пнеумо, значи две боцки. Едното качи темп ноќва 12 саати после вакцина, еве сега пак има некоја 37,9... ставам чепчиња. Чудно ми е што пројави реакција, од првата на 2 месеци еднаш качи само, втората ништо и сега на третава доза најдолго го држи. Дали сте имале ваква ситуација? А да не спомнам дека големото е од ноќва узатнато и ќе се разболува.. се надевам нема да ги префати баш сега и нив
Moevo ima samo dve dozi primeno bidekji ima 4 meseci no na prvata nemase nikakva reakcija zatoa na vtorava 3 dena so temperatura do 38.5 nasekoe krevase samo sto ke pominese dejstvoto od cepceto. Bi trebalo sekoe vakciniranje individualno da e stom razlicno pokazuvaat.
Да изгледа е така... исто еве 30 часа поминаа од вакцина ама 37.8-38 некоја таква без врска има цело време и е кенкав... се надевам брзо ќе пројде Фала на одговорот мама
Мајки, нормално ли е да ги проаѓаме вакциниве без никаков симптом? Мислам не дека сакам нешто да му е, сачувај Боже, туку чисто ме интересира дали е тоа нормална реакција на организмот и без никакви симптоми. Од третиве очекував некаква блага реакција ама и од нив немаше ништо. Или да не си барам рогови?