Се решив мајка, повеќе ме фаќа страв да не закачи нешто, отколку од вакцинава. Доста читав и си реков подобро да е заштитена и онака до сеа уредно сите ги прими. Јас мислев Мрп и Пнеумокок, ама ми кажа докторката овој пат само Мрп, во Мај ни закажаа следно.
Таа сега ја ставаат и порано. Ако збориме за истата (за стрептококи). Бебчињава ја примаат уште на 2м првата доза, а до 6м веќе и втората. Ако нема да оди градинка, можеш како сакаш. Прво таа, па ммр.
утре сме на мрп но синко е затнат…влечам со носкоо ништо не излегуваа правев и инхалација со синомарин.гарант пак ќе ни одложат
Примени први вакцини на 2,5 месеци што се тие. Што симптоми да очекувам и дали да лепам лепенки или ациди борици да ставам? Дали имавте многу грчеви од ротата?
Јас ставав лепенки, полесно и попрактично некако ми беше. Реакција од другите немаше, ама од ротата ептен... најверојатно третата доза и нема да ја прима. Грчеви премногу, со 4,5 крвави столици во наредните денови (од втората доза)
Веќе и ја касниме, а имаше и рок од доза до доза.. болничка беше, со температура, па кашлица, па сега мрсулчиња уште има. Секако не ја и носам и за другите вакцини..
И моево немаше реакција од другите две, ама од ротата се исплака убаво, такво вриштење до сега немало. Во столицата немаше промени, немаше многу гасови, ама грчевите на најјако. Инаку, на боцканото лепев лепенки.
Да... првата доза пола им ја исплука на лигавче, па ми рекоа за втората да ја однесам гладна за да испие (така направив). Од првата иако малку течност испиено имаше мн грчеви, еднаш малку крв. Ама затоа од втората ептен...