Мајки со примени први вакцини ако може да споделите дали мора покрај шестовалентната да ја ставиме сега и стрептокока? Дали може да одберам понатака да ја ставиме? Педијатарот ми рече само за таа дека до година треба две дози да се примат. Исто ве читам за ротата и од сега ме фаќа страв, затоа и никако да се наканам а еве во петок точно 12 недели ќе сме и морам деновиве
Мајка видов дека и вие на 18м, и ние денес примивме МРП во лева рака, ни рекоа за 1месец ревакцинација тогаш требало да прими 2 бидејки така му се паѓало, кога рече 2 наеднаш сега страв ме фака малце, вас како ви рекоа? Поздрав
Да немате пропуштено некоја вакцина? Нас не боцнаа МРП пред 5 месеци и сега последната ДТПР. Така е во нашиот град. Втора доза МРП во прво одделение така ми кажаа. Пиши ми порака ако сакаш ќе споредиме картончињата.
Пред една недела примивме МРП, до денес немаше никакви симптоми, ама ни рекоја од 7-10ден може да качи температура. Една недела како ја примивме вакцината ама дететево како да се смени..многу е вознемирен, се лути за се и сешто, фрла играчки..тантруми на најјако и за глупости..дали може ваква реакција од вакцината да биде? тој и пред тоа не беше цвеќе за мирисање, ама па оваа недела мислам дека душа ни ја извади...
Колку дена треба да се поминати од прва и втора доза рота? Нас ни кажаа еден месец, а негде прочитав дека е повеке.
Мајки дали има некоја која направила поголема пауза како нас од први дози и сега втори? Како поминавте ако било поради медицинска причина. Неврологот ни одобри вакцини, сега втори дози ќе му дојдат на 8 месеци наместо на 4. Рота веќе не е во игра пошто отиде возот. Јас сум малце уплашена дека и на пункт тогаш не беа сигурни дали да го вакцинираат дека одевме на физиотерапевт, ехото на мозоче имаше мали абнормалности. Сега неврологот не му направи ехо само рече контрола за 3-4 месеци и ништо не се знае до 1 година ни кажа. Вакцини според нејзе можело сега.
Од денес е со темперарура, не е висока ама има..ама го осрќам дека ќе се разболува, почна и како на нос да ми зборува а и да поткашлува..само се надевам дека ќе помине со лесно