Ставал ли некој вакцина само за хепатит, да ми каже дали има реакции температура и сл? Ставивме петовалентна пред 1 месец, сега треба за хепатит ама тргна на адаптација, па да го темпирам сакам.
Не. Рота 3та доза несмеевме да примаме поради премногу повраќање од двете дози предходно, стрептокока 2 доза и шестовалентна не приживме во јануари зашто имавме роденден па за секунда ни ги изгаси свеќите со рака и мораше да поминат плускавците и ми рекоа нареден месец. Во февруари бевме ни рекоа може кога наредниот ден станавме носот како чешма течеше и не бевме па испадна после 10дена забче искочи и еве сега март нема вакцини ..
Да, 3 доза рота кога го носев му течеше нос, друго ништо. И педијатарот и таму докторката кажаа да се стави.
Абе не и ни тече, ко секрет и осеќам внатре. Ама ми го вади, или ќе го бљуцне или низ кака. Не знам што и стана наеднаш. Сеа не сака ни чај да ми проба… не знам што и стана.
Здраво на сите. Бебе утре ќе полни 5 месеци и освен тие во болница немаме примено ниедна вакцина. Имаше на 2 месеца мораксела во нос и стрептокока у грло и матичната ни кажа нема примање на вакцини зошто пиеше амоксиклав. После тоа проблеми со промена на АД млеко и фативме јас и мм инфлуенца Б, фати и она ама помина со 2 дена тт и така се завлече. Сакаме од понеделник да ја вакинираме се што иде со ред, освен ротата ни кажаа таа ако не се прими на 2 месеца после неможело. Дали е нешто страшно што касниме волку со вакцините? Фала ви на сите
Некој скоро да вакцинирал со последна доза на ДТПР во Јане Сандански (се мисли на втора петовалентна што се става на 18м. по календар). Дали ја има и ако не ви кажаа кога ќе ја донесат?
Дали за прва доза мрп треба да се направи крвна слика брисеви или не? Треба да го изолирам од градинка пред и после примање? Според матичната ништо не треба уште сега според неа може да идам за вакцина
Ние и направивме кс на малата. Се погоди да е во исто време вирусот што кружеше па докторката рече 2 3 недели да избегнуваме контакт со луѓе. Одлично помина, ниеден симптом немаше од вакцината. Е сега за градинка не знам, немам искуство, нека кажат и др членки.
Јас кога го вакцинирав чекав да оздрави комплетно пошто беше малце настинат пред тоа, но после му помина и рекоја следна недела нека оздрави убаво па го вакцинирав и после седеше дома само една недела. Не направив кс.