Не не, ние примивме веќе, сеа втора требаше ама пролонгиравме дека се разболе. Ама сакам да кажам не ни дадоа такво нешто, само ми пишаа во книшка на 4ри месеци да ја однесам за втора доза.
Штип, нас дури и термин ни кажуваат. Ги делат по возраст, прво најмалите, па после поголемки. Така ми кажаа.
Мајки, дали има нешто посебно што треба да знам за првите вакцини. Скоро полни 9 недели сме, докторката ни рече да ја носиме со полни 10, т.е. не наредната, туку понаредната недела. Како да имав прочитано тука од вас да била гладна, зошто ротата се дава преку уста ако не грешам м?
Да. Најубаво е да е гладна, за не ја плукне или поврати ако е јадена. Мојата втората рота ја исповрати, ама и плачеше дека непозната жена за неа и даваше, наведната врз неа. Денес им кажав како беше прошлиот пат и побарав јас да и ја дадам, без проблем ми дозволија и рекоа поубаво вака да ни кажете, отколку да ја плука, плаче или поврати.
Дали има некој искуство со вакцинација 3та доза за пневмококи и МРП во ист ден? Сега дознав дека така ни закажале во Букурешт.
може и двете заедно, во ист ден, не е проблем. пред две недели малата така ги прими. добро помина, облози и лепенки неколку дена редевме на рачињата, температура ми крена на 9от и 10 от ден, цели денови без престан држеше 37,8-38. не давам ништо за таа темп, весела беше, пиеше течности. орс електролити дадов неколку дена
Кои вакцини се примат на 6м ? Рота знам, дифтерија;тетанус;пертусис;полио;хемофилус + хепатит(3та доза) Мислам дека овие се е сега ме интересира за пневмокока, втора доза би требало да земаме тоа кога би било дали ист ден? Ако сум грешка поправате мајки вакцините ме збунуват
После антибиотик ми рекоа 7-10 дена да поминат, па вакцина. Можам на 10 ти ден на вакцина да ја носам? Дека само понеделник и петок боцкаат, а така ми е страв дека рота нема да прими трета доза, заради рокот.