Дека не сме од Скопје, треба да дојдеме таму, да направат преглед или со исписницата од нашата болница? Може да ми направат проблем дека има поминато време, сепак тоа беше на 6 месеци, а сега е годинка
Вчера ставивме шестовалентна вакцина, денес бебе одбива да јаде, од сабајле плука млеко и кашичка...сте имале ли вакво искуство?
На тие 18м што се за вакцина, што се ? Дали примавте? Што реакција имавте? Колку дена треба да седи дома пред и после вакцина дека мојата оди во градинка Дали треба лепенки да ставам кај што ќе вакцинира?
Ние вчера примивме, имаше болка во рачињата и ептен кенкав.. ми качи темп 38 и еве и денес кенкав и пак качува.
Ммр примена во петокот сега за сега нема ништо рекација, кој ден да очекувам и дали е проблем што детево си продолжи да биде темпераментно не престана да скока и да трча
Реакции во принцип појавуваат после 7-14 дена, не ведбаш. Но и не значи дека ќе појави, моето без проблем ја помина, никаква реакција
Малото ги прими сите 3 дози роти, сега нели на годинка има после вакцина Зошто на нас ни запишаа на крај месец април да одиме тогаш ќе има здравје 7+++
Дали пред вакцина правевте секогаш крвна слика? Конкретно пред мрп? Сабајле маж ми го однесе малиот за мрп и имаше упат за крвна слика па после ако се ок резултатите вакцина. Седеше недела дена дома пошо поткашлуваше и некое мрсулче. И сега ми кажува таму го слушнале на слушалки и рекле ок е нема потреба од крвна слика може вакцина и го боцнале. И јас збеснав, секакви сценарија си направив! Абе ја глупа кај го пуштив сам да оди бе ахх Ако има овде некој што е доктор ве молам кажете ми дали е во ред вака
Ние бевме претходната недела за МРП. Ја слушнаа на слушалки и рекоа директно вакцина. Инсистирав за крвна слика, во лабораторија се чудеа зошто сме појдени, прашав дали е пракса, ми рекоа не, детето е веќе големо не се прават крвни слики, само за првите вакцини е тоа. Направив затоа што бев исплашена и скептична од вакцината и затоа што ми беше чудно зошто да не направиме, а дотогаш сме правеле. Значи, не е пракса да се прават крвни слики, не е излажан маж ти. Со лесно да поминете, кај нас засега нема никакви реакции, поминаа 5 дена.