13 месеци ќе прави на 7ми мај. Значи штом ни се тука негде ваљда големо е и моето за крвна слика. Дај боже со лесно да е на сите. Заборавив уште да те прашам дали твоето оди во градинка и ако оди, што ти рекоа да го пуштиш или да седи дома?
И друга го боцнаа или само мрп? @Ena05 таа пневмококни да не е во исто време јас бегајки од мрп не ја ставивме таа и сега веќе скоро 16м а ревакцини се на 18
Само мрп а требаше и за пневмококни ама докторката таму што била рекла да не бидат двете заедно и за таа да дојдеме во јуни. Мислам можеш таа и сега да ја прими. Син ми во јуни ќе има 14 месеци.
@Ena05 @Fenix05 Јас знам дека следна е на 18 месеци, ама докторката ми кажа дека има уште една (изгледа е оваа што ја пишавте вие) и за неа ми рече во јули да одиме или евентуално заедно со таа на 18 месеци, ама не порано од 1 месец од МРП.
Да ве прашам мајки да не знае некој, на син ми мрп му ставив на 4 години. Дали треба на 6 регуларно да му ја ставам ревакцината или треба да почекам ? Дека од 1 година до 6 има растојание повеќе.
Може ли некој да пише како одат вакциниве по редослед, како вие сте ги примиле на пример. Го гледам календаров ама многу е нејасен и не знам колку што ревакцина има.
За две недели сме за ревакцина, превенар и хекса, да почнам да воведувам жолчка или да почекам? Долг процес е воведувањето
Првиве вакцини кога им ги ставивте? Мојава е полни 9, почнува 10та недела. Или со полни 10? Не знам како ми кажа матичната. Секако треба да ја носам пред вакцина, ама не знам кога