На 2ипол месеци контрола на педијатар, крвна слика и после ја вакцинирав, 11 полни недели беше точно. Рота се прима до 12 недела најкасно.
Ние ги примивме на полни 10. Контрола кај матичен имавме 2 недели претходно, а на вакцината пак прегледува доктор. Крвна слика не правевме
Баш ми е мило за вас 5ти ден денес ако се рачуна и денот кога е вакциниран. До сега нема никакви реакции, па ќе видиме како ќе биде таму среда, четврток. Се надевам ќе поминеме лесно како вас
На полни 10 ни закажаа на нас, не правевме крвна слика никој не ни кажа тука читам негде барале, ама па и немавме причина за сомнеж за нешто па да правиме.
Здраво ме интетрира вакцината што е на 15месеци за пневмонија до колку год може да се стави? И искуство со дтп трета доза кај деца ставена после 2 год дали имавте некакви реакции како поминавте?
Бсж примена пред 9 месецо скоро. Белегот на рака и е вака, дали е нормално? Со оглед на тоа што доста месеци поминаа...
Мислам дека е нормално, и кај нас беше вака како гној да има, сега е 11ипол месеци и си има само белег. Мислам дека тоа е знак дека е успешна
Здраво мајки. Денес е 6ти ден по примена МРП. Ноќва ми крена температура 39... паралелно денес ја пуштив и во градинка. Испаничена сум да не е вирус од градинка, па да се помеша со симптоми на МРП и да не испадне некој проблем... Искуство ваше дали може на 6ти ден по примена МРП да ми крене толку темп? И дали ако е вирус е опасно бидејќи сега ја прими и МРП... се збудалев веќе .. чекав чекав да биде здрава и на крај ако испадне компликација ...
Тие што ја имате одложено Мрп. Што најчесто дава педијатар како оправдание дека не може да се прима? На 16 сме на контрола, ќе ја прашам, ама да знам ако се јават овие што да кажам на тел. Не ме бива баш за лажење. До септември ќе мора да ја прима, ама сега на година сакам да скокнам. Ако може.
Мене ме чуди, ни кај едниот ни кај другиот БСЖ немаше ваква реакција, зарем не е успешна ни кај двајцата?
Не се плаши мајка. Најбитно е 20 дена барем да не се зема антибитоик за да е валидна вакцината. Мојата пропратно и ми настина и од 5ти ден до 11ти температура имаше нон стоп и мн секрет во нос. Така поминавме со далерон,неофен и солена вода во носе. Ако можеш да ја почуваш дома чувај ја не ја пуштај во градинка за да одмара и ако е настината побрзо да оздрави. Секое дете различно поминува, син ми немаше никаква реакција само на 11ти ден 37.2 температура и сама му спадна.
И кај ќерка ми нема никаква реакција од бсж. Јадранка од Ремедика вика успешна е, ретко е да немаат реакција децата ама е можно. Мислам кажа 10% од вакцинираните деца немаат белегче.
Какво белегче? Мојата во родилиште ја прими и нема ништо посебно. Тоа на раката знам како точка што е, ама не се познава нешто баш кај мојава.
Епа за тоа, кај моево нема ни точка ништо како да не е боцната. Демек не била успешна ако нема ништо, ама не е така.
Мислам дека не е страшно, дека е нормална реакција кај некои порано поминува кај некои оикасно, ако ви е мисла спомнете на следна контрола кај педијатар