Фалаа исто и вие лесно кога ќе дојде време ❤️❤️ тоа оди по општини па сигурно може во кој било вакцинален пункт во Гази Баба
До 12 недела значи веќе да е примена вакцината?Баш во таа недела треба или и порано? Можеби не сум ја разбрала добро докторската
Дали треба да правиме крвна слика пред вакцините на 2 месеци што се? И какви се тие лепенки што ги користите прочитав негде? Какви реакции може да се очекуваат?
Пожелно е да се прави крвна слика пред вакцина. Лепенки за температура или како ублажување на местото каде што е боцнато бебето, се чуваат во фрижидер. А реакции од вакцината може да бидат: температура, грчеви, повраќање, поспаност, кенкавост. Нас не советуваа да не даваме сируп за температура додека не е над 38,5 и да следиме состојба цело време.
Втора доза рота мора да се прими на датумот што е ставен во книшка или можеше да се одложи некој ден/недела?
Ние првата ја примивме на 28.03.2025 а втората ни ја пиша за 13.05.2025. Ка однесов на 19 ти 6 дена покасно од датумот. Треба најмалку 6 недели да има меѓу вакцините. Вас како ќе ви дојде од првата примена временски?
7 недели до датумот што е пишан, на 07.04 прими, сега треба на 02.06, ама ќе треба да ја одложам неколку дена, една недела Да се поправам, 8 недели ќе биде разлика
Датумот што го пишува е најрано што може да ја носите, може да се закасни, мене матичната ми препорача најкасно 10 дена од тој датум затоа што има и трета доза па да не се изремети редот дури нашата матична препорача и 8 недели да има измеѓу
Здраво сакам да прашам за bcg вакцина малата има 23 дена денеска се вакцинираше ми рекоа немало да крене температура од оваа вакцина, а од ко е вакцинирана само спие и единствено се буди само за млеко, мерам тт под пазуви 36.3 во газето и немам мерено, ја расоблеков само по боди да не и биде топло ама од пусти страв од вакциниве не знам кај терам
Никакви немаат реакции од таа вакцина, освен белегче (и тоа не кај сите) после извесен период. Нормално е да спие многу, 23 дена има. Не се плаши, температура кај бебе е нормална до 37.5.
Ептен се плашам од вакциниве кога ја носев еден чекор напред два назат, таму греалки уклучени јас се потев ај и од жештини ама и од боцкањето, па се насекирав дека и слушна шум на срцето, малата имаше исто шум на срце испадна дуктус отворен па на крај завршивме со операција во жан митрев, додека ја однесам на ехо да ја видат животот ќе ми се скратит се надевам дека нема да е исто како и со малата што беше неможам да го проживувам истото