Прво, смири се. Вакцините се со цел да се имунизира детето, тоа е за негово добро, така гледај на работите. Може ќе е покенкаво една недела, може ќе пројави реакција, ама поминува. Ние сега ставивме 3 одеднаш на 4 месеци, поминавме без никаква реакција освен поспаност. За другото што го пиша немам искуство, ама најубаво да ја ѕирне кардиолог.
Да секако ќе одиме на кардиолог кај истата докторка што ја водеше малата,и со првото дете се плашев за вакцините еве сега и со второво мисев ќе сум поопуштена ама не првото има еве сега 5 години , сепак се разочарав и од тоа што наслуша шум ама како што пишал господ така, се надевам дека нема да биде иста дијагноза
Кои се трите вакцини што се примаат до 12 недела? Рота и кои други две? Дали ги ставивте сите три наеднаш или ги поделивте?
И јас ке прашав истото, нас ни препорачаа да поделиме рота со пнеумокок, па по една недела шествалентната, малата е со ужасни грчеви се плашам да не и стане бетер ...
Во некои пунктови ставаат рота 1 доза, шестовалентна и стрептокока 1 доза. Ние во Јане бевме, 11 недела ни ставија шестовалентна и рота 1 доза заедно, а на 4 месеци примивме 3 наеднаш - петовалентна, рота 2 доза и стрептокока 1 доза.
Дали некоја го има носено детето да ги прими трите вакцини на 18м, ако се прескoкнати двете на 12м? Дали е во ред така? Како поминавте? Дали сите три ги даваат заедно?
Прашувам пошто педијатарот ни даде денес зелено светло за следна недела а нема да е ни 10та полна па дали да одложам бар до тогаш
Ја секогаш ја барав и после вакцина? Оти? Па местото се затвара одма, нема врска. Температура до сега од вакцина не ми качила. Освен што беше многу раздразливи 10 дена после ммр, друго се ок си било.
Појма немам и јас што ми текна викам нешто да не и менувам тт на тело дента кога ќе прима. Ни мојава нема гајле, ниеднаш нема кренато од ниедна вакцина. После ммр па баш ништо немаше, ко да не ја примала...сеа последнава и раат сум после до школо
Вторите вакцини се две боцкања плус рота, или пак едно боцкање плус рота како првите? Ич не ги можам вакциниве....
Две боцкања плус рота. А зошто првите едно боцкање? Ќути, исто, стрес ми ствараа, ќеркава за ниедна немаше мака ама јас ептен се тресев на секоја. Конечно ги прими сите и сеа славам
Па така примивме ние за првите, рота и една боцка петовалентна. Требаше пак 2? Јас како што видов, се што пишува во картонот се ни боцнаа