Леле ужас ...моево немаше апетит омалаксано беше и температура ...сега да очекувам пак .. аман значи аман
Мојава прими во двете ноџиња плус рота. Во тој хаос и стрес не оти памтев што и боцкаат на 4 памтам исто беше, така да еве баш види како ќе ја боцнат кога ќе одите.
Ние немавме никакви промени на столицата од ротата и втората ја минавме без реакција фала богу. Првата и ги активираше грчевите и сеа во страв бев
дали знаете колку покасно од датумот што го пишува на книшката може да се носе деца на вакцина? матичната ми имаше кажано дека може и покасно тоа ама не памтам колку најкасно е тоа покасно имено за третите вакцини го пишаа 18 јули ама поради одмори сакаме да ја носиме на 28, тогаш ќе биде точно 26 недели. од паниката зошто ја вакцинираат (нормално мајката ја најиспаничена од сите ) заборавив да прашам
Истово прашував ама за втора доза. Во вакцинален пункт бев, ја одложија за 3 недели, и баш докторката ме праша да не одиме на одмор за да се договориме за др датум, ама кај мене беше др ситуација, бебето примаше антибиотик. Верувам дека 10 дена не се проблем, ама најубави отиди пак каде што сте вакцинирале, да се консултираш за посигурно
Која недела најрано може да се прими втора доза Рота и дали по втората доза може да има реакција пак?
Рота до 32ра недела. Планирај така. Измеѓу едната и другата доза минимум 6 недели треба да поминат. Ние во 11та ја примивме првата, па се разболевме и во 21ва ја прими втората, и веќе не знам ни која сме ја прими третата на време 28ма мислам беше.
Треба да примаме први вакцини на 2 месеци сега и ни рекоа во ист ден двете. Какви искуства имате и дали можеби може е подобро да се одложи или подели поливалетната?
По една во двете ноџиња и рота преку уста. Јас не делев ништо, примаше сè како што е редот, и баш на пишан датум во книшка. Така да такво искуство немам за поделени вакцини.
Ние само рота примивме колку што се сеќавам за другата немаше доволно килажа и ни ја одложија, 5 кила имаше точно е сега не се сеќавам дали над 5 или над 6 требаше да има за да се прими другата вакцина. Мислам дека над 5кила треба да има бебето за да се прими па следниот месец 3 прими наеднаш ама ништо страшно.
Епа и ние сме помали родени , сега само рота би примиле но дали таму кога одиме на вакцини ја мерат и кажуваат дали смее не смее или тоа матичен педијатар треба да каже?
Да, ги мерат и ги прегледуваат. И ние одеднаш ги примивме и првите и вторите и немаше реакција, освен што пола саат плачеше многу од грчеви од првата доза рота. Втората доза немаше никаква реакција.
Таму има доктор ќе ја измерат и тој ќе кажи дали ќе прима или нема да прима вакцина, матичен доктор со вакцини не се замара само можи да те потсети дека треба да ја вакцинираш.