Првата вакцина на 2 месеци се ставаше? Дали мора точно на 2 или може на 2ипол, и дали да правиме и пред првата крвна слика?
Ние денес се вакциниравме и ни рекоа дека може одма, поготово ако крене температура под 38.5 така да го разладуваме. Во суштина да продолжиме најнормално.
Па 3 до 5 дена, зависи, различно ми кажуваа, ама 3 сигурно. Битно е и пред вакцина за не дај боже да не има реакција, нема да се знае дали е од храната или вакцината. Бар мене вака ми кажаа и така практикував.
Дали има реакција со температура од првите три вакцини? Многу се мислам дали сите три да и ги стават, или една да одложиме? Правевте ли кс на 2.5 месеци пред вакцините?
Вчера крвна слика целосна, денеска примивме рота прва и 6 валентна, немаме килажа и за стрептокока.. Рече докторот може да крене од 6 валентна.. до сега еве е ок 36.6 темп
Може да има, ама вака што читам искуство и од моето, ретко е повеќе може да се створат грчеви од рота. А зошто три вакцини? Инаку ние не правевме кс, тоа зависи до матичен, а и до мајката, јас сметав дека нема потреба зошто, пу пу пу, беше здрава права
Рота, превенар и 6валентна, трите се наеднаш по календар, на 2.5месеци. Која килажа ја бараат за превенарот?
Нас вака со 2 нѐ боцнаа плус рота што се пие на 4 месеци. Немаше никаква реакција ќерка ми, сѐ нормално.
Никаква реакција немаше, освен грчеви од ротата. Од последниве на 6 месеци вчера качи до 37,5, ама ништо не дадов.