Денеска примивме трета доза вакцина заборавив да прашам колку дена да не и давам нив вкус да пробува. Да не знаете?
@Tea SK Кога сте на мрп вакцина? малата имаше сипаници па најверојатно ќе одложиме за од септември Колку месеци треба да поминат после сипаници за да може да се стави МРП вакцина?
Јас му ја каснам за хепатит, прво таа, па после мрп. Како е тргнат во градинка, не е оздравен за да му ја ставам. Мрп планирам после одмор, почеток на септември
i nie imavme sipanici i vo vakcinalniot punkt ni rekoa najmalku 40dena posle prelezani...ako e togas se dobro da odi za vakcina
Здраво, моето ги нема примено уште вакцините што се на 12м и 18м. За МРП уште ќе почекам, ме интересира како да постапам за останатите? Тие што немате МРП уште, како ги примавте останатите?
Прележа сипаници без примена МРП? Прашувам зошто моето исто ќе тргне во градинка рано. И ми е страв од МРП рано да ставам и ми е страв од сипаници без заштита. Рано се оптеретувам со се ама веќе кога те прочитав дека пиша а го мислам да те прашам најдобро
Ние ќе ја вакцинираме со мрп на 13 месеци како што ни е запишано во книшката, во февруари. Повеќе ми е страв да биде невакцинирана во градинка. Во митот и муабетите за вакцината не верувам воопшто.
Денес бебето го вакциниравме за пнеумокок, ама читам тука требало да му направам брис пред да одам на вакцина, мене кај вакцините не ми кажааа ништо дека треба брис да и направам, не знам зошто ако требало брис не ми спомнаа за тоа се насекирав сега
Добро толку време од вакцините последни поминa, на едното бутче уште и се осеќа како мало топче на допир. Мислев до сега ќе се повлече.. Да ја носам на лекар?
Мрп е за морбили, малата прележа Варичела сипаници Подобро е да е вакцинирано со МРП него да фати не дај боже. тоа си е мое мислење, јас ќе си почекам да поминат барем 3 месеци да ојакне имунитет па ќе и ставиме
Лошо боцната, јас имав такви на газот од болница, по цел ден што ме боцкаа после пораѓај. Пред месец дена ми поминаа…
Мене една мајка ми кажа дека чекала да зборува убаво малиот па да му стават. И без таа нема да го примат во градинка.