Душа И јас незнам што да правам, некаков страв имам од оваа, имам една комшинка малата во јануари полни 4 год. уште не примила од иста причина и сега за во градинка и рекле мора да прими инаку оди веќе во градинка ја примиле Мојот лази уште не крена
Мојава оди, трча. Цело време е во движење, дури и кога спие не е мирна А знам и другарки децава уште не им се вакцинирани, а се по 3-4 години. Мојата инаку уште не е примена, па и си одовлекувам.
Тоа е клише одговор. Обично викаат - „Ни кажаа од горе“. Ти како родител имаш релација со институцијата - градинка. А не со некој “од горе“ или инспекција. За упис на дете во градинка, родителот треба да достави потврда за здравствената состојба на детето според член 60 став 8 од Законот за заштита на децата: „Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост“ При упис настојувааш дека ова е законски, а барањето картонче за потписи излегува вон законот. Барај писмен одговор дололку ви се заканат дека нема да ви го запишат детето. При тоа, спомни го го став 1 од член 13 од истиот закон: „(1) Се забранува секаков вид на директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварување на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон. (2) Забраната од ставот (1) на овој член се однесува на сите установи за социјална заштита и социјална сигурност кои решаваат за правата утврдени со закон, јавните установи за деца основани од Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата), јавните установи за деца основани од општина, општините во градот Скопје, градот Скопје и приватните установи за деца основани од правни и физички лица, правно лице запишано како агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, како и физичко лице кое врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитување на деца како професионална дејност.“ Начелото за недискриминација врз основа на здравствена состојба е дополнително содржано и во законот за спречување и заштита од дискриминација во членот 3, кој гласи: „Се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување ипоттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност намаргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или соратификуван меѓународен договор (во натамошниот текст: дискриминаторска основа). „ А во Член 227 од Законот за заштита на децатасе регулирани санкциите за извршителите било какво дискриминаторско дејство: „(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое врши директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварувањето на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон (член 13) (2) Глобата од ставот (1) на овој член ќе се изрече и за установа за социјална заштита и социјална сигурност кои решаваат за правата утврдени со закон, како и за јавните установи за деца основани од Владата, општина, општините во градот Скопје и градот Скопје и приватните установи за деца кои се основани од правно и физичко лице и агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст. (3)“ http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/dete.pdf Најдобро е да се спремиш со законската регулатива, и усно да им кажеш. Со други зборови, ќе ве тужам и ќе ве добијам. Ако малце се правно потковани, а се, бидејќи добро го знаат ова, попуштаат и го примаат детето.
Јас сум ја одложувала за првите две, па така и на третово. Таму накај 2г ќе ја прими... 14м, оди убаво веќе, има зборови со значење околу 15-20. А градинкиве изгледа сите различно... во некои и без ммр примаат.
Здраво,големото дете 5 години е има од денес осип мислам дека е сипаница(има вакцина примено МРП и темп до 37.9 макс.) утре одиме на лекар.Но ме мачи тоа што помалиот не е вакциниран.А нема како да ги одвојам.Дали е паметно уште утре да го вакцинирам или може е веќе исто заразен во период на инкубација па не е памерно да прими вакцина во тој период...чекав убаво да прозборе ..кажува по нешто..затоа не го вакцинирав до сега.А сега веќе ме фати паника па дека нема примено.
Од вчера 2 месеца па дојде ред и за вакцинација. За во Центар каде ми препорачувате ? Во Железничар или Идадија?
Излезе документарецот за студијата за здравствената состојба вакцининрани вс невакцинирани. Бесплатно гледање дури и симнување. Секако без превод. Се надевам некој од нашиве ќе седне да го преведе. https://www.aninconvenientstudy.com/
Најверојатно станува збор за сипаници варичела, не за морбили. Тоа е сосема друг тип за кој нема вакцина и се прележува.
Мрп ти е за така кажаната ситна сипаница, морбили. А големото сигурно има Варичела, за таа нема вакцина.