До 11+6 треба да прими прва доза рота, дента ќе прими уште една (не ми текнува која вакцина беше). После на 4ри месеци, па на 6.
Да се надоврзам околу првите вакцини. Дали може да ми кажете што треба да имам дома превентивно...пр. сируп за температура, лепенки, ациди борици. Ќе прашам и таму, ама сакав да си купам однапред. И уште едно прашање, дали правите крвна слика пред вакцини, педијатарот ми кажа дека не мора ама не беше многу дециден.
Сиеуп (Ефералган имав јас), и лепенки. До сега никогаш не правев ниедна крвна слика, сега ќе правиме на систематскиот на 9 месеци
Крвна слика нема потреба ако е бебето здраво. Имај дома сируп за температура, лепенки и толку. Сируп се дава ако е повисока темп, над 38.5. За ротата ќе внимаваш да немаш контакт со изметот неколку дена после вакцината бидејќи се пренесува, миење раце и внимателно со пелените.
Не само дали е здраво или не (во смисла настинато), треба и хемоглобин да се види, под 100 не ставаат вакцина.
За во Скопје да, мојата матична така ми кажа, а и баш и некоја друга членка имаше тука пишано дека така знае. Ама гледам дека на едни така им е кажано, на други не им е кажано... Секој педијатар различно (како и за се друго)
Мене па педијатарот во Систина ми рече јас сум против крвна слика пред вакцина кај волку мали бебиња (за првата доза на два месеци). Јас тогаш сепак направив и во Идадија на пункт само ме прашаа дали имам, но не им ја покажав. Матичната ми вика дека треба да се прави, па планирам да си правам и за третата доза на крај на месецов.
Некаде бараат некаде не, прашував. Во Идадија бараат само за прва вакцина да видат за анемија. Во Железничар бараат за секоја вакцина.
Moeto primi prenevar koga imase devet meseci edna doza. Sega ima tri godini i dva meseca. Za drugata doza mi kazaa ushte togas da odime za dva meseca, no poradi bolesti ne otidovme. Sega ima tri godini, kje moze da primi vtora doza ili?
Пред еден месец ги примивме првите вакцини што се ставаат на 2 месеци, рота и две буцки во натколениците. На местото кај што е буцнато се појави црвенило и грутченца и на двете ноџиња. Сега еден месец по вакцинирањето на десната натколеница се уште забележувам на допир грутче, со големина околу зрно леќа. За колку време треба да се повлечи и што да правам? Кога ги прими вакцините ставав ациди борци и лепенки за ладење.
Мене ми рекоа после вакцина детето треба да се изолира некој ден. Денес ни е трет ден и се мислев да идеме у парк да ја прошетам, сонце ќе биде. Искачавме на тераса со бебче ама вака меѓу луѓе мислев затоа... Смеам или?
Слободно шеткајте се надвор, бебето во количка и уживајте… Советите се повеќе за со луѓе од блиску да не се меша, да не ја земаат во раце, да и дишат и сл.