Еве прв пат слушам некој од Скопје да му закажале. На мене и имам едно 5 бебиња исто во околина, не им е закажано.
Еве ние бевме на тој „систематскиот“ и уствари беше класичен преглед како до претходно. Мислев нешто +/- ќе биде ама не единствено што ми спомна за крвна слика зошто досега не сме правеле, другото беше мерење тежина/должина, ја прегледуваше нели фонтанела, меше едно друго, некои совети за храна и сл. и тоа е тоа
Здраво мајки, Малиот беше долго настинат и сме го пропуштиле рокот на трета доза Рота вакцина. Дали кај некој друг било случај ова и дали е сериозно..? Ни останува уште шестовалентна, па Мрп после годинка.
Сите вакцини уредно ги има примено освен МРП никако да начекам да е скроз здрав за да ја прими , е сега треба да го запишуваме во градинка па зимово па ич нема да е скроз здрав , Е сега дали ке ни прават проблем во градинка ? И совет како да решиме ситуација
Бебка сабајле прими 6валентна, таа што е на 6м. Сега качи 38 темп, и дадов Далерон. Можно ли е и утре да има темп, како поминавте вие со оваа вакцина
Мене никаков проблем не ми направија. И од вакцинален ми дадоа копија и во градинка , без проблем. На комшикиве децата по 5 години се, немаат мрп примено уште.
Ние и првата доза и втората доза со температура до 38 два три дена сега третата доза за 20тина дена ќе ја прими на 6ипол месеци ама не се надевам дека и таа без темп ќе биде кенкава беше ептен тие денови
Ние не качивме температура од ниедна вакцина. Ама ми кажале сестрите таму и докторката дека еден ден обично држи температурата по вакцина, некогаш и два дена. Гледај да не даваш парацетамол под 38.5 мајче, освен ако ептен е омалаксано детето. Ова како совет што ми кажувале доктори, да не ми замериш.
Ви бараат ревакцина на БСЖ ако нема белег? Во различни диспанзери различно. Големиот го боцнаа без потреба, сега и малото нема белег и ми стигна ливче за ревакцина. Не сакам да ја прими зашто се расчитав, ревакцина не е препорачана од СЗО. Ептен ми е крво што доцна видов за големиот, сега нема да ја направам истата грешка. Сите вакцини уредно си ги примаат, ама боцкање без потреба епа нема. Вие што сте од Скопје, други градови, ви бараат ревакцина?
Во Скопје никој не ми спомнал за вакво нешто, прв пат слушам . Што има врска белег, за ревакцина прво треба проба, па ако не реагира тогаш (јас така сум ревакцинирана како мала). Иначе моиве и двете немаат белег.
Знам дека не ставаат во Скопје и не спомнуваат. Затоа и се нервирам. По нови препораки (па не се ни нови, од пред години години како што најдов по интернетот), ревакцина не се препорачува затоа што се докажала како неефикасна. Овде за џабе ги боцкаат. Од сега сум накострешена како ќе треба да се расправам таму. Со доктор ќе се разбереш, тие сестрите...
Овде ако нема белег прво прават тест, па тогаш ревакцина ако треба пак. И јас немам белег од БСЖ, ама ме тестираа уште на времето и не ми ја ставија пак. Не сум од Ск инаку.
Не треба ни тест ни ревакцина. Некои диспанзери се останати назад во времето и не следат нови стандарди. Еве официјално.
Здраво мајки, бебче е 2 месеци , наскоро треба да ја примаме рота и шестовалентна. Искуства за Идадија?