Мене во диспанзер пролетта ми рекоја дека не се редат заедно. Јас им реков па нели така се редеше во Скопје, и ми рекоја не се комбинира жива со мртва вакцина,не сакаа ни по 6 месеци да ми ја закажат,ми рекоја стрикно по 1 година. Едит: јас на 3 години почнав да вакцинирам и вака одеа вакцините : 6то валентна па 5то валентна па мрп па 6то валентна. И 4тата доза ни е за на пролет 2026.
МРП е негде после 12 месеци. А дитепер нели е порано ? Не паметам, ама подобро стави прво дитепер, па почекај месец-два па ставете мрп. Мрп многумина ја одложуваат со месеци, па и години.
Одложи ги. Ќе кажеш дека сакаш на 18м да ја стават дтп. Мрп е на 12 а дтп на 18м. Нема потреба од брзање.
ДТП има три дози (на 2, 4 и 6 месеци), плус ревакцина (на 18 месеци). Заради епидемијата со пертусис знам дека препорачуваа порано да се прими ревакцината, ама би требало да е завршена епидемијата, одамна немало случај. Мене во пункт ми кажаа дека не практикуваат да ги стават заедно тие две вакцини, иако теоретски може. Чекаат најмалку еден месец да помине од едната до другата. Јас би ги одвоила на твое место.
Да измеѓу е.Но секако можат да се стават доколку детето е потпораснато.Вака примавме ние- 2 дтп па мрп па 3та дтп па преневар. И четвртата дтп ни е за на пролет вгодина.
Nie se imame primeno spored kalendar Osven mrp 21 mesec sme Posledno dptr bese oktomvri Mrp planiram april
Здраво мајки да прашам бебе за брзо треба да прими во ѓорче поликлинка вакцини во 12та недела па читам некои мајки оравеле крвна слика матичната ми вика не треба само ќе и мерела температура пред да осиме па да прашам дали треба или не треба и дали во ѓорче им земаат крв пред вакцините
И моето нема белег од БСЖ вакцината кога прашав ми кажаа дека сега немат белези нема потреба од повторно вакцинирање сега наполни 3 год и така си остана, кај маленкото 2 месеци е тоа нема ништо
И кај мене големото има, малово нема белег. А јас што немам белег имам ли успешна вакцина од пред 31 година
Пак го проверуваа. И' велам на докторката, во други пунктови не даваат ревакцина. Таа ми вели овде вакцинираме. И' велам од СЗО препораки, од влада еве препораки (имав спремно на телефон), ревакцина не се дава. Почна да ме брка низ врата. Ме фати под рака и ме носеше надвор, ДОБРООО МАЈКААА ДОБРООО. Ненормални.
Леле...знаеш и мојов нема белег и по твоја препорака и јас не го вакцинирав пак...ама никој не ми ни спомна последно кога бевме, а не сме на вакцини бидени од 2 години сега 5 ке полни...ќе одиме за брзо на систематски и ме интересира дали ќе ме гњават за тоа