Па нема ваљда да им дозволам да го боцкаат за џабе, со нешто што не е ефикасно, само зашто им останало од нивното време. Нека го проверуваат колку сакаат. За големиот не можам да прежалам што доцна прочитав и за џабе го боцнаа. Нема штета ете, ама па зошто да се трауматизира и да остане белег за џабе? Сите вакцини си ги примаат регуларно, ама дека ќе им дозволам да си боцкаат од инает зашто тие така правеле таму со години и ги мрзи да прочитаат упатства, нема. Се ежам ко ќе го речат она - да видиме дали има ОЖУЉАК. Останати се во југословенското, со се' барака и се. ______ Не бевте на систематски? Ние бевме со големиот, ич да не се секираш ништо не проверуваат. Само колку да поминеш, ни прегледуваат, тебе ќе те праша по нешто и толку.
Не бевме да ти кажам, ми се јавува во среда и ми вика во петок во 12 на систематски...извини и велам детево оди во градинка плус не можам да излегувам од работа кога ќе ми прне...па ми кажа да одам на забно, на очно, на кс и со сите резултати да го однесам горе...ќе видиме за празнициве ќе сум слободна па ќе гледам да завршам се, утре ќе одиме на заболекар, да види баба му каде работи
Мајки дали пред секоја вакцина правите крвна слиика на бебето? Втора доза треба да прими за првата и направив.
Со првото правев, ми бараа. Сега во Јане ми рекоа само за првата вакцина крвна слика, за натака не, ама не знам дали ќе ги послушам, ќе видам. Зависи ваљда од диспанзерот, дали боцкаат без крвна слика.
Јас и правам, сега кога и излезе заб и поднастинати бевме покажа и малку како вирус и не ја однесов требаше денеска да прими 6 валентна. Здравје после празниците
Некаде не прават, а пожелно е да се направи. Кога примивме прва вакцина не и направија. На три месеци ја однесов на контрола и направија систематски, покачени беа леукоцитите, теромбоцити ниски а бебе немаше никакви симптоми. Пред втора вакцинација и направив лаб и беше во ред.
И ние ја немаме примено. Малку касневме со таа, требаше во ноември на 16 месеци ама бевме настинати па еве уште не сме ја примиле.
Може ли да ме потсетите со вакциниве како беше дали е со закажување? Скроз изумив да се информирам, а направивме крвна слика и добивме зелено светло од матичната за вакцинирање ама незнам за термин. Инаку треба да примиме вакцини за бебе од 2 месеци односно 6-валентната вакцина и вакцината за ротавирус
Zdravo,dali nekoj skoro bil vo Grcija za primanje na MMR vakcinata,preporaka za klinika,procedura i kolku cini ? Blagodaram
Чисто информативно, истите вакцини се и таму и тука. Исти шлепер и производител ги носи и таму и тука.
Не знам што треба да прими на 3 месеци. Тие на 2 месеци ги прими. Следно имаме закажано за 2 недели. Рекоа и крвна слика дека треба. Ми е страв бидејќи има многу мрсули. Ако се исчистат до тогаш може ќе го однесам. Не знам што ми е.. првото го носев редовно, опуштена бев. Ова второто од кога е родено сум анксиозна. За првото немав ни аспиратор ни мрсули сме ваделе, ова од кога е родено веќе втор пат вироза ли е што ли е... не знам со грипов дека е премногу проширен дали воопшто и да одиме ?
Ќе направиш кс и според неа ќе видат дали е добро да се вакцинира или да се почека. Во време на грип јас бебе оставав во кола со некој да седи, а сама чекав ред со маска горе, па не сме имале тогаш проблем, и тоа ова во екот на корона беше, така да според мене е најубаво секогаш пред валцина да се направи крвна слика, ако има мн. ниски тромбоцити, или високи леукоцити, низок хемоглобин, или било што, што укажува на настинка, вироза, грип.. детето не треба да се вакцинира, не знаете каков хаос настанува во телото кога веќе на болно дете, му ставате вакцина... секогаш правете си крвна слика, ако треба и на своја рака, ништо не ве чини.
Уште малку треба на вакцина да го носеме синко. Кога ми кажаа кога треба да одеме, заборавив да прашам која вакцина треба сега после годинката да се става. Мрп ли е? И дали ѕвонете за да ја одложете или таму треба да одам?
Мрп има, превенар и дитепер ревакцина на 18 месеци. Јас не го однесов за мрп едноставно, после 18 месеци ја прими, малку ја закаснивме.