Нели е тоа многу долго, не важеше за ако фатиш сипаници? Или јас скроз сум заборавила? Се изнарадував дека еве два дена нема реакција.
Не. За морбили најчесто после 7ми до 14ти ден има реакција. А може да се очекува до 21 ден после вакцина.
Тетки не се слушаат туку факти. Кога после 10-15 години ќе испиташ антитела против таа болест, ќе ги видиш на дело фактите т.е колку вакцината е доживотна превенција. Доживотна превенција имаш само со прележана заразна болест, а не со вбризгани вакцинални соеви.
Си ми цитирала мислење од пред 2 год можеби кога сум се надоврзала на некоја што се правела паметна како требало да издржам што ќерка ми ја боцкале, а јас само кажав дека ми е стресен моментот, што е нормално, мајка сум, прво дете и сум се надоврзала за вакцините. За цел живот може и не се, ама сум ја заштитила со вакцини за и ако фати нешто полесно да помине. Ете ти одговорив зошто гледам упорно ме цитираш.
Како поминавте со вакцините што се примаат на 4 месеци,ни ставија денес две во нозе и рота :/ Многу е кенкав денеска,плаче повеќе и мислам дека крева тт . Што да очекуваме?