Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    1.345
    Феминки, совет за прво вакцинирање, рота, на 11 недели. Не знам дали ставаат само рота или и за некоја друга ќе ја боцнат, заборавив...
    Ќе одиме во Јане, ќе правам претходно крвна слика. Од ваше искуство:
    Дали има гужва? Во кое време е најдобро да се оди? Што да носам освен книшка и картончето од раѓање?
    Што да набавам претходно дома за ако има реакција?
    Дали ќе качува темп, што да правам ако се случи тоа?
    Патем, како мерите темп? Јас имам еден као топломер за во газето, ама што знам, да не го растревожам бебево плус со тоа, и така очекувам плачки да има....;(
    Слушнав за некакви лепенки за температура, може да ми објасните повеќе?
     
    Последна измена: 27 март 2026
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Рота и шестовалентна нас ни ставија првиот пат, една боцка. Има гужва ужасна. Јас првиот пат отидов пред 9, имаше многу бебиња. Ме фати пауза во 10 ипол сама бев во чекална, во 11 влегов во 11 ипол завршив. Викам толку, следен пат одам после паузата зошто за време пауза нели сама бев. Одам накај 11 вториот пат, гужва у бестрага, си се вратив дома. Утредента пак во 11 отидов ама малку помалку беше гужва, па околу 1 завршив. 2 саати таму не бегаат според мене, гужва има секогаш и многу им се свети паузите.
    Ништо не носиш освен книшка и картонче.
    Само сируп ефералган земи си, ќе ти каже и докторката.
    Мене од 2 деца, првото ми беше поспано после вакцини, второто ништо како да не е боцнат. Никогаш температура.
    Во газе немам мерено, со бесконтактен највеќе мерам.
    Лепенки антипиреа (пошто има и други турски гадни се) ставам јас на местото кај што е боцнато зошто ладат, делам на 3 дела. А во пункт препорачуваат ациди борици облога, тоа е се за да не отече местото, не за температура. Можеш што ти е попрактично. Со лесно и не се секирај, ќе ти олесни после првава, после е полабаво.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    1.345
    Фала најмногу!
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    250
    16 месеци сме уште немаме месеци примено и пнемококната. Сега ми рекоа тужба ќе ми праќа педијатарот па се замислив малку и си мислам да ја ставам ако не првин пнеумоката па потоа колку време да ја ставам мрп за од септември да крене на градинка, ваше мислење и искуство
     
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Тужба? Прв пат слушам за нешто вакво
     
  6. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    250
    Сигурно мислела на некоа казна, здраво ама нели треба да пратат првин покана или демек ние треба да си знаеме кога да ги носиме
     
  7. Aldi

    Aldi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Кое е правилото за примање на стрептокока, ако првата доза се прими во 6ти месец? Дали ќе може да се примат сите три дози вкупно и во кои месеци?
     
  8. Anifani

    Anifani Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2021
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво
    Ќе ве замолам за совет,ваши искуства
    Ние почнавме со адаптација во градника пред две недели, викендов наполни 1 година,и утре планирам да прими вакцина PCV мислам беше трета доза..Дали и какви реакции сте имале од истата и после колку време сте сте го пуштиле детето во градинка или пак комуникација со други? Дали сте правеле малку пауза од мешање со луѓе ?
     
  9. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Мојата оди од 1 година, имавме 2 вакцини после тоа, ја повлекував обавезно 1 недели пред вакцина и после уште 1 недела после вакцина за да остане здрава. Немала мојата никакви реакции.
     
    На Anifani му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    7.417
    Не се сеќавам кои вакцини беа сега, ама мојата тргна на 8 месеци мислам уште неколку вакцини прими 2-3, не сум ја чувала дома, тоа беше совет од матичнатата, единствено ја чував дома мрп кога ја прими, она и тогаш ме советуваше да ја носам во градинка, ама мене ми беше страв, 2 недели ја чував дома, иначе другите си ги прими и во градинка си одеше, сабајлето на вакцина па во градинка сум ја носела.
     
    На Anifani му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    2.027
    Пол:
    Женски
    И мојава матична исто ми рече да ја носам во градинка веднаш после вакцини, да не паузира ич. Баш за мрп прашував и ми рече од пункт во градинка директ. Не знам дали да ја слушам и мене ми е шубе искрено
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anifani

    Anifani Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2021
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Денес бевме ние добро е до сега фала на Бога, ми рекоа не треба посебно пазење еве евентуално денес и утре да не го носам,така секако и мислев јас мислев да не треба за повеќе време,ова за Pcv зборам,а за мрп за таа ми рекоа дека најубаво било летно време да ја примиме мај јуни и тогаш малку да не го мешам со деца,таа имала подоцна симптоми после недела дена
     
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    7.417
    кај мене на 10 тиот ден имаш од мрп, блага температура.

    @dummy да не ни е истата матична :rofl: и мене така ми рече
     
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    2.027
    Пол:
    Женски
    Нас ни е Билјана од Букурешт. За некои работи е ок да е лабава ама што знам до волку и јас се замислувам дали треба да сум хах
     
  15. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    7.417
    Радица Маџовска и е на мојава, 4 ипол години има малата, два пати антибиотик и има препишано до сега на мое инсистирање, ептен е лабава, јас на почетокот ич не и верував, ама сега сфаќам дека е во право за многу работи.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. *Glory@'

    *Glory@' Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво, поминаа 18 дена откако ќерка ми ја прими мрп вакцината и сега планирам од наредната недела да тргне во градинка. Досега не појави нилаква значителна реакција, мислење ваше дали би било во ред да тргне во градинка наредната недела.
     
  17. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Здраво дали имате искуство со давање на рота вакцина после 13 недела?
     
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    2.027
    Пол:
    Женски
    Ротата може да се даде до 12та недела, после тоа мислам дека не ја даваат воопшто
     
  19. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    На нас датумот што ни го дадоа бебето тогаш прави 14 недели не кажаа ништо.
     
  20. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Женски
    Кога примивме прва вакцина рота, за следната ми кажаа датум кога да отидам, кога е отприлика 18 недели. Сфатив дека е препорака само. Планирам да ја однесам покасно, дали ќе ми реагираат?
    Колку што знам втора доза беше до 22 недела, така?