Девојки ние сме 2 месеци и 17 дена … пред две недели пиевме антибиотик и не примивме прва вакцина,да почекам уште некое време да помине па да се вскцинираме или да се боцнеме ?
Мене од вакцинален пункт ми рекоа прва доза да не наполни 3 месеци. Втора доза после 2 месеци од првата и трета доза кога ќе наполни 6 месеци и не порано од 45 дена по втората доза. Прва доза ја прими на 3 дена пред да наполни 3 месеци, втора доза на 4 месеци и 2 недели.
Sin mi 2godini i 9 meseci piese antibiotik prosla sabota go zavrsi kolku vreme se ceka za mrp da mu ja primim sakam vise?
Мене не ми е јасно зошто од еден до друг вакцинален пункт повикуваат на различен размак меѓу две исти вакцини?
Тука кај мене докторот и сестрата се скараа. Сестрата вика само што ќе наполни 6 месеци донеси ја. Докторот вика не, да поминат точно 2 месеци од втора доза, на 6 месеци и 2 недели. Сестрата не, месец ипол е доволно. Пошто не можат да се договорат јас ќе си чекам да поминат точно 2 месеци од втората доза. Малку страшно е накаде тераме.
Нас матичната ни рече да поминат 42дена е важно. Нас во Јане ни рекоа на месец ипол од прва до втора доза. Во железничар на два месеци размак викаат. Тоа ми е прашањето дсли да чексм 2или дс идеме на месец ипол
Зашто има од-до рок. Поефективни биле ако има помало растојание, но не пократко од 45 дена. Со првото дете до 5.5 месеци бевме завршени, сега на истиот пункт до 7.5 можело. Значи минимум растојание 45 дена измеѓу, така ни ги пишуваа и датумите, претходно не, покасно може, пошто може нели и болно да е детето, па има луфта. Така ми кажаа во Букурешт.
Ние сега на 16ти април ја примивме втора доза Рота ДП и Тетанус (како што видов во книшка). Значи имаше една за во уста и две боцкања во ноџињата. Ми кажаа само дека ми пишале кога да отидам следно на крајот од книшката, читам пишува 16ти јуни значи за два месеци. Ова зборам за Идадија.
нез ние бевме на 10.03 и не викнаа на 24.04 … ама ќе идеме на 05.05 се надевам нема да ни викаат ништо
Епа на нас третата ни ја закажаа само што ќе направи бебе 6 месеци, втората ја прими после 6 недели од првата. Докторот сакаше да ја закаже и третата исто после 6 недели, али немаше да има бебе полни 6 месеци така. Така да сега испаѓа третата доза да ја прими после скоро два месеци од втората.
Јас требаше на 31.03, сега го вакцинирав. Имаше 1 ден темп, големиот беше со некоја бактерија, антибиотик, Велигден фати и одложив. Само ми рече бебето не пиеше антибиотик? Речи настинато било нешо ситно, нема ништо да ти речат. П.с грешка сум. Меѓу 1 и 2 имало помалку, меѓу 2 и 3 2 месеци и 1 ден, ваљда за да направи 6 месеци.
Здраво на сите Некоја мајка што е во Германија, да сподели искуство за групата на вакцините од 11 до 14 месец т.е ( 6-компонентната, Пневмокок, Менингокок, ММР и Варичела ) .
Здраво, може ли инфо освен ММР која друга вакцина се примаше на 12 месеци и дали може одвоено да се примат (да ја одложиме ММР малку)? Фала мајки.