Здраво Денеска ставивме 2 вакцини. Затоа што е 2.5 месеци ги примивме Рота вакцина И Шестовалентна вакцина До сега бебето спие. Поспано е Затоа што го хранам со вештачко млеко, малку му доцнам....
Мхм супер, и ние така утре сабајле здравје ммр па покасно на 18 месеци сакам ммр да ја отарасам сега па ваљда нема да прават за таа на 18 месеци што ќе е покасно, пошо 23 месеци е
Здраво. На колку дена ги ставивте вакцините? 2 недели по полнење на два месеци или немора толку прецизен датум? Дали вакцинирањето се прави кај матичен педијатар?
Ти благодарам за одговорот. Значи да си препрашам повторно за сигурно. Ми кажа само 2ипол месеци, јас бројам 2месеци месеци и 15 дена паѓа на 12 јуни.
Дали некој има информации до колку часот вакцинираат во Јане Сандански и дали имаат Дитепер вакцина, дали сте се вакцинирале скоро?
Ние сме 2 месеци и 10 дена и сеуште не сме примиле вакцина. Претходната недела беше настината ќерка ми а и на бебето му течеше носето и поткашлуваше и затоа матичната рече да помине па тогаш. Најверојатно ако е се ок во понеделник ќе го носиме. Инаку каде ќе биде боцкано бебето, раче и ноже ?
Ние првата кога ја примавме еднаш во ноџе и рота што се пие. После на 4 и на 6 месеци 2 боцки во ноџињата и рота. Значи некаде првиот пат боцкаат 2 пати, некаде еднаш. Битно еднаш е со 1 боцка и рота, 2 пати со 2 боцки и рота. Не боцкаат во раче. Ако сте настинати јас не би вакцинирала, и да пропуштиш рота сега, другите ќе си ги прими. Сепак доктор најдобро ќе процени.
Подобро на 2 и 4 да боцкаат 2 пати отколку сега на 6 кога веќе разбира нешто. Уште од сега сум со паника кко ќе го преживеам тој ден два пати да ја боцкаат да ја слушам како жално ќе плаче. Првиот пат на 2 месеци ништо не разбираше им се смееше таму, кога ја боцнаа плачеше ама се смири за кратко. На 4 веќе беше почната драмата и почна да плаче уште кога ги виде, сега можам да замислам на 6 што ќе биде. Да иде некој место мене зошто мислам дека срце ќе ме лупне.
Не плачеше многу моево, ама реакција ми јави од тие вакцини прв пат. Нозете го болеа, на допир кенкаше и беше лигав цела ноќ и ден. Ноќта имаше температура и ич не спиеше (за разлика од бебиња што се поспани). Не ја мисли толку, ништо не и е, нема да памти. Кога се мали плачат од се.
Јас сум Миле Паника. Дури и не ми се верува за што се драматизирам и си правам паники. Друг човек сум
Ќе се навикнеш со време, како растат кулминира приплакување за се и сешто. И после имаш големо дете, ама додека дојде до тоа има нерви губење на велико .
Ние најлесно поминавме сега на 06 кога ги примаше вакциниве. Ниту грчеви од ротата како претходните случаеви, ротата послатка му дојде на вкус сега па отвараше уста за да ја пие. Плачеше за вакцините кога го боцкаа ама не толку силно, и само што го кренав во раце одма се смири, ми се насмеа како да не го боцнале претходно. Освен малку што беше поспан после немаше други реакции. И јас како тебе бев со тие мисли али си реков тоа е мора да се помине и ова, после е полесно нема вакцини на секои два месеца раат ќе сме за некое време.
Ќе може ли некој да ми пише во врска со ММР вакцината, после колку време може да се очекува (доколку има) температура, болка итн? Дали пред/потоа треба да не оди во градинка и ако да, колку време?
7 до 14 дена после примање на вакцината може да појави симптоми. Ќерка ми ја прими кога не одеше во градинка, ама да би била на твое место би паузирала од градинка бар после примањето поради паѓање на имунитет.