Дали може првите вакцини кај бебе да се стават на почеток на 12та недела? Читав дека најдобро било до 10та да се стават ама може ли и покасно од 10?
Работат до 15ч, но дали боцкаат до тогаш, не знам. Не ми текнува што им пишува на вратата. Добро е да отидете до кај 13.30-14ч најдоцна.
Здраво. Ставивме ревакцина на дитепер, после еден ден се појави црвенило околу боцнатото а ставав и од лепенките за ладење...Што би можела да ставам да се смири црвенилото, досега од ниту една вакцина реакција немало...Фала
Многу се плашам од рота вакцината, треба да ја прими, а искрено скоро 80% од мислењата што ги прочитав се со реакции
Сите три дози поминавме со благо кенкање само дента на боцкање. Толку. Ништо друго. Ни температура, ни многу какање, ништо.
Моите 2 деца беа без реакции од рота. Не е толкав процент на деца со реакции, сигурна сум. А замисли што би се случило рота вирус да фати детето..
@snegce убаво ти пиша Cherry333, лош вирус е ротата, страшно е да фати рота невакцинирано дете, тежок стомачен вирус е. Ќерка ми (вакцинирана со сите дози) фати некој стомачен пред месец дена и помина прелесно, со 3 повраќања само а јас мислев дека ќе умрам од што ми беше тешко кога префатив од неа. Мислам дека беше рота чим она толку лесно ја пројде вакцинирана а јас тешко дека невакцинирана. Патем она имаше реакција зелена столица неколку дена после рота прва и втора доза
Пред 2 недели примивме рота немаше никакви реакции 2 дена прдкаше и грчеви ама ништо страшно.Си прима редовно еспумисан и колиеф.Само првиот ден внимавате да не се бацува бебето и рачињата.следните 7 дена преку каката се пази.
Следен месец треба да ја прими ммр, прашав за да ја одложиме , но докторката ми вика нема потреба зашто да одложуваме. Совет ? Што може да се случи од таа вакцина, какви реакции дава ? Дарија е предвреме родена.
Следен месец? Знам септември се родени нашиве, нас ни рекоа на 13 месеци, во ноември. Инаку јас би чекала мининум корегирана 13 месеци да бев ти. Големиот немаше реакција од ниедна вакцина, па ни од мрп. Инаку може да даде тт, осип, од 10 до 14 дена.