Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. Emilia937

    Emilia937 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво! Би сакала да ве прашам, после примање на мрп, колку дена детето треба да биде во изолација односно после колку време се препорачува да се врати во колектив (градинка)?
     
  2. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    5.422
    Пол:
    Женски
    На нас ни рекоа 15 дена
     
    На Emilia937 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа дека нема потреба да ја изолирам ќерка ми
     
    На Emilia937 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emilia937

    Emilia937 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Во диспанзер ви кажаа така?
     
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Да во диспанзер и матичната докторка истото ми го кажа. 17м е ќерка ми
     
    На Emilia937 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emilia937

    Emilia937 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Супер! Фала тии! :D
     
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    ако имаш опција посигурно ти е да не пушташ во градинка ама ете јас немав. Јас ја вакцинирав во петокот така да ќе видам деновиве како ќе биде се надевам ќе биде добра
     
    На Emilia937 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maria921

    Maria921 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас ја пуштив по една недела во градинка на привикнување. Секако кратко седеше, ама и надвор излегувавме шетавме
     
    На Emilia937 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    141
    Здраво мајки,
    Деновове сакам да ја вакцинирам со мрп инаку 4ипол години има. Какви симптоми може да даде и дали на местото на убодот стававте нешто?
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.445
    Допаѓања:
    28.583
    Никаква реакција нема
     
    На Emilia937 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Во диспанзер ми рекоа дека можни реакции се покачена температура и осип по телото после 5ти ден од примање до 10ти. Ми рекоа да не ставам ништо на местото каде е боцната.
     
    На ♡☆♡ и Emilia937 им се допаѓа ова.
  12. Emilia937

    Emilia937 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    И мене истото што го пиша членката погоре ми го кажаа за ќерка ми, денес ја вакцинирав. Исто ми кажаа дека нема потреба од изолација бидејќи е веќе поголема 3г.
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sredstvo

    Sredstvo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Да не ги цитирам сите посебно, јас пред точно еден месец ја вакцинирав со мрп, ми рекоја да не и ставам облоги на раче, сируп за температура ако крене над 38.5 и ако има некоја друга реакција да појдам да пријавам. Можни реакции кои ми ги кажаа: покачена температура од 7 до 10 ден, намален апетит, раздразливост, осип после 7ми ден, отечени лимфни јазли... Мојата крена еднаш температура 38 на 10ти ден и сама и спадна по еден час и две недели ништо не сакаше да јади... после се си беше нормално... Вградинка почна по 21 ден, ми кажаат дека најчесто дава реакција до 14ти ден но имало и случаеви и до 21 ден.. и не ја мешав многу со луѓе во тој период во затворен простор.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    20.368
    Пол:
    Женски
    Јас денеска ги вакцинирав со МРП, конечно се решив. Ми кажаа од 7 до 14ти ден, дека може да се појави осип или покачена тт, после 2 недели во градинка, за да ги изолирам скроз тоа не ми спомнаа. Па ќе видиме деновиве како ќе бидат.
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    141
    Со лесно. И ние вчера ја примивме па ќе видиме како ќе биде.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.954
    Пол:
    Женски
    Кои вакцини се примаат на 2 месеци ? И до која недела најкасно може ?
     
  17. Lady_S

    Lady_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    10ти ден од примена МРП, 4год, температура околу 38.5 со силна болка во лимфни јазли и врат. Имал ли некој слично искуство? По нет доста страшни работи се изначитав за вкочанет врат и менингитис, ќе консултирам секако и докторка
     
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    20.368
    Пол:
    Женски
    Што направи? Дали спаѓа тт од сируп? До сега минатите денови ништо не појави?
     
  19. Lady_S

    Lady_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Дадов ибупрофен и почна да се намалува температурата. Претходните денови се жалеше на главоболка од време на време и два дена после вакцината поспаност
     
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Како знаеш дека се лимфни јазли или баш се жали од болка таму дека поголемо и збори? И ќерка ми прими пред 10 дена мрп (17м) и ноќеска се вртеше 3 саати низ кревет како да ја болеше нешто се жалеше ама не знам што, температура немаше.