Дали знаете кој ден се вакцинираше во Железничар? Не сум сигурна дали беше понеделник или вторник, кој ден има доктор на тој оддел.
Колку години има? Обично поголеми деца имаат повеќе реакции од оваа вакцина... или по календар ви е таман?
Во четврток ни закажаа и тогаш ги вакцинирав, најдобро е да закажеш, не се таму секој ден, да не одиш за џабе. Моите се 3-4ти ден вакцинирани, за сега немаат ништо, не се појавиле никакви симптоми, не се пожалиле, ама очекувам после 6ти ден да покажат некаков симптом, за жал. Како сте сега?
Веројатно е рано, и кај сите деца е различно...Сега температура 39.4, малку помалку се жали на вратот
Последниот пат ми рекоа нема веќе во четврток, само еден ден во неделата беше, ама не се сеќавам дали беше понеделник или вторник. Ако има и четврток уште подобро.
А има потечени лимфни јазли? На допир? Симнува тт со сируп? И дали го однесе на др? Нас во четврток ни закажаа, за другите денови не знам, не ми кажаа, ама најдобро да се јавиш и да си закажеш.
Реагира организмот најверојатно на таа вакцина за заушки. Тоа се истите симптоми. До утре би требало да се намалат симптомите.
Mene mi kazaa deka mozno e da ima pokacena temp, osip kako od morbili ili oteceno limfno jazolce. Seto toa posle 7 den. Taka da se e toa ocekuvano.
12ти ден од мрп вакцина и денес крена температура 37.5, бајаги е омалаксана и плус се исфрли на стомачето. Колку дена трае температурата обично на тие што ви кренале вака? Не дадов ништо дека сепак не е висока температура ама ќе видиме ноќеска како ќе е…
Дали е можно толку многу да ја болат рачињата од вакцините? Ја вакцинирав денес со ревакцина стрептокока и дтп (19 месеци има) и цел ден е кенкава и плаче и само ми покажува на рацете. Заспа стрикно на грб, кога сакаше да се заврти одма на плачење ја изби. Еве ја сеа додека спие си приплакува чат пат и се уште спие само на грб (а никогаш не спие на грб). Ама па бевме надвор на лулашки прееска збор не кажа и сеа не можам да сфатам дали глуми, дали надвор имаше друга занимација па не примети или што....
Кажете ми пред вакцина или после дали треба да се внимава на исхрана, што да се дава како јајца месо млеко...
Нови вкусови не се дава на бебе, ако се работи за мало бебе секако. Ако е поголемо дете, не менува ништо исхраната, никогаш не ми кажале дека треба да внимаваме. Може да, ДТП и стрептокока ствараат оток и црвенило и може многу да боли местото, ставај обологи, за ден два подобро ќе е. Како поминавте? Ние сме 8ми ден, за сега се ок...
Добра е сега фала богу ден ипол имаше температура, на 12тиот ден качи ама до 38.5 максимум. плус малку се исфрли на стомакот. Денес е веќе 15ти ден се надевам толку ќе е од реакциите. Почна и со јаки тантруми деновиве ама тоа не ќе да е од вакцината хах