Не знам за кои сипаници мислите, ако е варичела за нив нема вакцина и во глобала лесно ги поминуваат.. за морбили доста несакани последици од сипаниците, а за заушките имам слушнато дека можат да предизвикаат стерилност (но ова не мора да важи за сите, не секое дете е исто, некој ги поминува лесно болестите, некој потешко и со последици)... Мене ми беше страв и од вакцината и од болестите, на крај победи разумот и ја ставивме вакцината и сега некако сум доста поопуштена во поглед на темава.
2 години и 7 месеци. Го вакцинирав со мрп пред две недели. Го болеше првиот ден само рачето. На 6тиот ден качи 37.7 но не и повеќе. Следниот ден (7миот) се имаше нафрлено на мешето и кај градите ама малку. Без никаков симптом, лесно ја помина. Бев во огромен страв, но не разви никаков симптом поголем од наведеното
15м е утре сестра и ќе оди преку школо за ревакцинација сакав на една мала двете да ги носам Сестра и на 12 м ја прими мрп ама и одеше и збореше,малово ни тоа ни тоа ... Плус 3 ки вади,кенка ,некогаш има зеленко суво.. некако не ми дава нешто ,интуиција ли е страв ли е... си мислам до кај април да почекам некако ама не знам како... Матичната вика ставај ,ама мене не ми дава раат нешто.
Ден 12 од примена МРП, температура до 38.5 9ти и 10ти ден, вчера поспана цел ден, мал исип на стомачето и брадата и намален апетит. Мислам сите симптоми ги има. Синко пример никаква реакција, ќеркава затоа сите реакции. Ајде само нека пројде побрзо.
Здраво, дали во Јане Сандански пред вакцина прават крвна слика (бебе 2ипол месеци) или да си направам јас ден претходно ? И кои вакцини се примаат на два месеци?
И да направиш дента кс во Јане, нема толку брзо да ти ги издадат резз, јас ќерката ја носев ден претходно во Авицена и утредента на боцкање.
Сори грешка, не утредента туку истиот ден откако ќе ги добиевме резз ја носевме на боцкање ако се си беше ок, потврдено од педијатар.
Кога ја носев ќерката пред 3 год ни кажаа до 14ч. ама гледај да отидеш порано, да не смениле нешто и да заминат порано.
Zdravooo. Denes go vakcinirav sin mi( 16m) so MRP. So meseci mi svara ankcioznot, no nesakv da go pustam vo gradinka bez taa vakcina. Jas doziveav panicen napad dodeka go vakciniravme. Sto da ocekuvam denovive? Fala viii
Можни симптоми се: покачена температура, раздраздливост, болка околу врат кај лимфни јазли и осип по тело. Симптомите се јавуваат од 10 - 14 ден од примена вакцина. Кај ќерка ми на 12ти ден се јавија но по ден ипол беше ок.
Болка во врат ? Е ова не знаев поголемата 6г ја прими минатиот вторник сабајле рече ја боли врат ама мислев лошо спиела...
И јас од форумов дознав кога ми стана една вечер со вриштење ќерка ми и не знаев што ја боли па се расчитав дека не е баш редок симптом тоа