Смири се, во две години ваљда ќе биди здраво за вакцина да прими, коментарот се однесуваше на тие кои со години избегнуваат вакцина со изговор дека им се болни децата.
Кога бев на здраво за ревакцина не се сеќавам која вакцина беше на ред и не врати докторката дека имаше црвено грло и дома болни бевме сите, закажа за другиот месец, и викам а што ако и другиот месец се разболи ми рече да е здрав и жив ќе си ја прими секако, не е дека нешто драстично ќе се случи туку имунитетот ќе му е малку ослабен и можи да крени температура така и бидна. Германија како што кажав и нагласив дека не е како што треба дека има и дијареа и ниту ме рецна докторката, кимна со главата и го боцна.
Па твојот коментар беше да не се лажеме, знаеме колку се разболува не може да се толку болни. Може! И тоа има деца што во болница завршуваат. Така да коа ќе го пуштиш во градинка, пиши го истово.
И ќерка ми мрп прими со растечен нос и разместена крвна слика. Исто жариште имаше и пред две години косово и ми рекоја наместо 3та дтп да ја стават мрп. И ја боцнаа. Имаше 6 дена темп. Не знаев дали од што беше настината или од вакцината. Ама ми рекоја 1 месец после вакцината не смее да земе антиботоик затоа што нема да е валидна вакцината. И истуркавме некако.
Примивме стрептокока пред некои 3 недели, дали е ок сега да прими мрп и колку време би требало да седи дома после тоа? Му пишав и на матичниот ама ако има некој искуство
Мајки ние сме 2год и 4мес ни фали мрп и дитепер на 18 месеца што беше касниме таман ајде ќе речеме вакцина таа се разболува ... дали некој има вака што касни со вакциниве? Не идеме градинка сакав да ја вакцинирам во петок сега еве од вчера носот тече затната подкашлува да помине па понаредна недела да ја вакцинирам но што да ставам прво ..
Во моментов кога е во ек или барем во најава епидемија од морбили сигурно и сами во диспанзер ќе ти кажат дека мора таа да ја прими. Па за некој месец другата.
Јас ја вакцинирав на 15.9 со дтп и и стреп, и ми кажаа дека мрп може најрано на 19.10 што значи за околу еден месец
Какво ви е искуството со МРП? Реакции од вакцината кога да очекуваме? Пред 2 дена се боцнавме, сега за сега да не ја урочам супер си е.. докторката од поликлиника ми вика одма да си продолжи со градинка, друга ми вика 2 недели никако да не се меша со други деца не треба да биде болна периодот одма после тоа, трети викаат дури после 10 дена пројавуваат симптоми децата од вакцината.. не знам ни јас сама веќе што да правам и што да очекувам..
Мене матичната ми рече два дена да одмара, после слободно да ја пуштам. Од 7-10 дена се очекува симптоми, а може и ништо да нема.
Имаше температура мислам дека десетиот ден, и се симна за кратко и тоа е тоа. Мене ми кажаа да не ја мешам една недела, а матичната ми кажа одма утре да оди во градинка. Јас имав можност па почекав неколку дена пред да почне во градинка.
Да, најпаметно и ние првата недела да си ја преседиме дома. Често се разболува во градинка, па не ми се ризикува во меѓупериод од нешто друго да се разболи.. Фала ви
Јас ја вакцинирав пред 3 месеци, мене ми рекоја да седи дома 2 недели, не во смисла да ја излорирам, туку да не ја мешам во колектив затоа што ако настинела немало да се знае дали е реакција на вакцина или настин. Кај мене на 10ти ден крена 38 температура и толку
Мајки тие што вакциниравте сега дете пред краток период која вакцина на мрп ја имаат ? Дали ви кажаа и слично и на колку години ја ставивте? Ние сме 2г.4м. сакам да идеме да се вакцинираме ама се нешто чим спомнам се разболуваме ..