Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Женски
    Првата доза на МРП се прима на 13 месеци, а ревакцината според календарот е предвидена на 6 години. Ме интересира која е најмалата временска разлика што треба да помине помеѓу двете дози.

    На пример, доколку детето ја прими првата доза на 5 години, дали мора да се чекаат цели 5 години за ревакцинација или втората доза може да се прими и порано?

    Би ве замолила, доколку некој има конкретно искуство со ваков случај во диспанзер, да сподели.
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.482
    Допаѓања:
    79.055
    Пол:
    Женски
    Првото на 2ипол, второто на 15м некаде (таа година имаше страшна Епидемија и затоа толку брзо), а третово сега ја прими пред 2 дена на 2г и 3м. Со првото баш не се сеќавам, второто имаше некоја шашава температура само после неколку дена.. третово рано е за симптоми, ќе видиме...
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.327
    Допаѓања:
    16.660
    Пол:
    Женски
    Во Германија ја примаат на 12 месеци првата а втората на 15 месеци. Па сега ете спореди разлика кај нас. Кај нас од секогаш е вака разликата во дозите, зашто таму е така, не знам.
     
  4. Shinystar156

    Shinystar156 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Дали е потребна некоја подготовка или проверка на нешто- пример крвна слика пред вакцините што се примаат во втор месец, и кои се можните реакции после овие вакцини?
     
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.947
    Допаѓања:
    9.965
    Пол:
    Женски
    Јас правев крвна слика.
    Од вакцината за рота, треба да се внимава со изметот, бидејќи е жив вирус што се исфрла преку изметот.

    Од останатите вакцини ќерка ми првиот ден беше повеќе поспана ама не се случило да крева температура. Инаку може и малку повишена температура, нервозно дете.
     
  6. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.930
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    7.30 до 13. 30
     
  7. DnAwesome

    DnAwesome Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Крвна слика обавезно.

    Ќе го боли ноџето, затоа ќе ставате цело време облоги со ациди борици. Можно е да качи температура (ако е над 38.5 давате сируп парацетамол).

    Од вакцината за рота вирус може ќе кака почесто, потечно и ќе го боли мешето. Вие ќе внимавате да не го бакнувате во уста, на раце, на глава и обавезно ќе миете раце после менување пелена.

    Ќе биде луто, плачливо, ама ќе се гушкате цело време за да пројде. Ако го доите ќе му давате цело време да цица.

    Се ќе ви објасни докторот.
     
    Последна измена: 18 ноември 2026 во 11:11
    На Nala1806 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    813
    Пол:
    Женски
    До колку часот боцкаат во Идадија?
     
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    6.299
    Пол:
    Женски
    Се соочила ли некоја со изразено бљуцкање и повраќање на бебето по примена дитепер вакцина во навршени 2 месеци?
    На 18.11 ја прими, вчера беше поспана,спиеше повеќе, а денес бљуцка и повраќа, иако и пред вакцината ѝ се случувало одредени денови... Вака е весела, се смее и нема температура...
     
  10. DnAwesome

    DnAwesome Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Тогаш се става и прва доза од вакцина за рота вирус. Ја ставивте и неа? Ако да, можно е да е од таа вакцина.
     
  11. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    6.299
    Пол:
    Женски
    Да, капки ѝ дадоа и ја боцнаа во двете ножиња, во бутовите.
    Докторката не го спомна бљуцкањето и повраќањето како несакан ефект, туку само поспаност, раздразливост, оток, црвенило на местото на боцкање или покачена температура.
     
  12. DnAwesome

    DnAwesome Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Сепак преку уста се дава и може да надразни стомаче, а е жива вакцина против пострашен стомачен вирус. Ако е зачестено бљуцкањето, најверојатно е од тоа. Ама ќе пројде за неколку дена. Не повраќа во млаз?
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  13. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    6.299
    Пол:
    Женски
    Па некогаш во млаз, а некогаш, не. Не ѝ се случило да се засркне.
    Баш ќе следам утре и другиден.
     
  14. Cherry79

    Cherry79 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    1.871
    Пол:
    Женски
    Во МК не можеш да ги убедиш прва доза на 13 месеци , па не две дози до две години. Да прозбори , да прооди, азбука да знае итн итн ....Тука сметаат дека на училиште ќе имунизираат поголем процент, затоа на 6 години.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Ние примивме на 17.11 стрептокока,дитепер и рота 3 доза.Не качи температура ама е кенкава и плаче на моменти има гасови и стомачето грчеви.Млекото не го пие цело деновиве.Да не блуцка од рефлух се јавува првите 3 месеци.Ние сме 6 месеци малце касневме со вакцините заради настинка.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DnAwesome

    DnAwesome Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Нагло да поврати голема количина млеко во млаз низ уста и нос не е ок. Се додека е весела и си јаде убаво не е страшно. Ако сте на доење, ставај ја цело време на града.
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.327
    Допаѓања:
    16.660
    Пол:
    Женски
    Ова се случува последниве неколку години, порано не беше така.
     
  18. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Нас ни се случи од рота втора доза така со дитепер заедно се примаат после секој подој имавме повраќање па дури и крвави столици. Трета доза рота не ја примивме не ни дозволија
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  19. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Се вакциниравме ние во средата со МРП супер сме деновиве. Па се надевам и од 7ми до 10ден нема да има ништо. Како поминавте вие што стававте сега во брзо време? Иначе Ѓорче вакцинираат до 18:00 за здрави деца.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.438
    Допаѓања:
    11.164
    Пол:
    Женски
    Јас го вакцинирав синко на 09.11. После 7 дена температура до 39 и премногу болки во стомак. Температура имаше 3 дена. Денес му е 12ти ден од вакцината уште малку се жали на стомак. Го носев и на педијатар ми рекоа нормална реакција на вакцина, воспалени лимфни јазли во стомак. Се надевам дека од утре веќе скроз ќе се смири, прежален е вика офка :(. Многу лоша реакција, ќерката ништо немаше освен 1 ден омалаксаност.