Преку ноќ добро поминавме, не крена. Утрово имаше 37темп. , дадов 4-5капки(одприлика) сирупче, зошто почна да станува топличка. Сега заспа, па ќе видиме како ќе помине денот. Колку дена трае температурата од вакцините??
реакција се јавува во 48часа по вакцината можи и толку да има тем. а можи или првиот или вториот ден.
Да ве прашам дали е нормално да не сака да јаде??? Ми одбива јадење и синоќа и денес оброкот во 19ч не го сака, и така од 16 до 22ч, она ништо не јаде. Преку ден јаде, но не како што јадеше.
Да сосем нормално гледај само да нема температура овие 2-3 дена а кенкавоста мислам може и подолго малце да трае еве кај нас трае веќе 4ти ден
Полека ќе си дојде на место понуди и помалку на пример на 2 саати по 60 мл наместо на 3-4 по 120 и ќе видиш утре задутре апетит
normalno e da nesaka da jade,moeto prvo dete posle sekoja diteper vakcina odbivase da jade,edvaj sum go hranela,dali 400 ml.mu se sobiraa da ispie i toa mu davav koga spie,inaku nesakase,toa kaj nas traese podolgo vreme,sega na 9 april sme na vakcina so malata i me faka strav so jadenjeto,samo da bide se dobro
Мајки едно прашање, пред секоја вакцина правите своеволно крвна слика на бебето или само за одредени вакцини, или пак редовно проверувате крвна слика и без вакцините? Јас откако не пуштија од болница немам направено крвна слика на син ми,ниту пак некој педијатар ме советувал до сега да одам да проверам.
Не се прави крвна слика пред вакцина.Педијатарот си го прегледува пред вакцина и прави проценка,ако има и најмали знаци на настинка,не го вакцинира. А крвна слика нема штета да се направи.
ние утре сме на вакцина дитепер,па сега ме интересира кој сируп за температура е ефикасен,за поголемото дете давав далерон ,но можеби сега има некој друг,страв ми е веке од тие вакцини,и дали давате веднаш сируп,или чекате реакција,поздрав
Аната ние сме немале температура ама јас имам купено ефералган ( парацетамол) и мислам дека е ок мада и делеронот е ок иако мене лично таблетките не ми помагаат како оние на алкалоид дипролот имаш и таа варијанта сирупче . Земи си и бруфен сега познат како блок макс кидс за секој случај за многу високи температури ( мене не мие отворен) но не го давај прво него освен ако првата температура што си ја измерила е над 39
anata зошто сирупче?? еве ако поврати после пак не смееш да дадиш оти нема да си сигурна дали го повратила сирупчето, купи си чепчиња, сигурна работа, ние кога ја ставивме дитепер пред месец време земав чепчиња, му ставив 3 пати оти многу плачеше изгледа го болеше рачето, е замисли сеа детето вришти а ти му биташ сируп во уста малку е по непријатно, затоа земи си чепчиња, и тие се парецтамол.
majki da ve prasam koga se prima narednata vakcina posle 2 mesec? na 3 ili 3,5 meseca? bidejki mi rekoa deka posle taa na 2 mesec sto se stava, se stava narednata po 40 dena? i koja vacina se prima? fala vi
Па ние примивме на 4,5 последната а пред тоа мислам на 3 да не и тропам да не го барам картончето и двете беа ди те пер + полио + хиб а пред тоа примивме бе -се - же на 20 дена и хепатитс Б втора доза на 39 дена
Мамички, ние денес примивме вакцина и синчето во спиење ми се испоти скроз, значи утоп беше кога го фатив за грбчето и косичката како бањано беше, го пресоблеков од корен, све и сега е ок, па си велам дали е ова реакција од вакцината? Температура нема го надгледувам стално, ама ова со потењето прв пат ми се слуува. тепературата е фиксна кај нас дома оти сме на парно, го облекувам секогаш исто, ни повеќе ни помалку ама еве денес многу се испоти, да не влече од вакцината наместо температура преку потењето да излегува а?
Ме интересира дали бебушките имаат реакција на првата вакцина она на месец што е? што да му давам ако крене температура во секој случај?
Тоа е ревакцинација од Хепатит Б, скоро никое дете не крева температура од таа вакцина. За секој случај нас матичната ни предложи Блок макс сирупче за деца.
Се надевам дека знаете - составот на Блок макс е ибупрофен. Значи е каде каде појак од другите чиј состав е парацетамол, и се дава само во ситуации на тешки температури, кога парацетамолот не делува доволно брзо и добро. Докторката која го препорачала „за секој случај“ не ја боли Таска за тоа, неа по % на препишани и` се рачуна успешноста како доктор, ама ние како родители мора да се информираме. Не го давајте никако превентивно!
Во контекст на погоре кажаното (не можам да редактирам), само што го прочитав текстов: ОСЦИЛИРАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ДЕЦАТА Најчесто, родителите ја откриваат сосема случајно, ако забележат дека детето е поладно од вообичаеното, бледо и необично мирно. Центарот за терморегулација кај децата не е доволно развиен, па кај нив често доаѓа до осцилирање на температурата на телото, која понекогаш може да се спушти и под 36 степени. Оваа појава се нарекува хипотермија и обично поминува без никакви симптоми. Најчесто се појавува кај децата кои имаат помалку од две години. Родителите не треба да паничат, бидејќи оваа појава не е честа, ниту опасна. ГОЛЕМИ ОСЦИЛАЦИИ Дигиталните топломери можат да измамат. Се случувало родителите да забележат големи осцилации на температурата за кратко време. Во секој случај, не се баш сигурни, особено кај најмалите деца. Детето треба да го затоплите, да го покриете, да го гушнете и да му давате топли напитоци (чај и супа). Ако за неколку часа температурата не се покачи, треба да го однесете на лекар. Хипотермијата може да биде последица од вирусна инфекција, но понекогаш се јавува и после висока температура, кога родителите ќе претераат со употребата на „бруфен“ и „андол“. Важно е да се направи лабораториска анализа на леукоцитите. Докторите се сложуваат дека хипотермијата најчесто се јавува поради несоодветна употреба на лековите. Денес, родителите се опседнати со високата температура, па немаат мерка кога на децата им даваат антипиретици - и неретко претеруваат. Така зголемената температура се претвора во друга крајност. Педагозите велат дека треба да се биде внимателен и со туширањето кога се симнува температурата, бидејќи и со разладувањето треба да се има мерка.