Јас не би вакцинирала штом е со мрсули. Почекај , не е зорт. После 7-10-14 дена може да има реакција, сега една др ми кажа и после 20 дена може да има реакција.
ако е нова кај нас и не доволно проучена јас не би брзала.Имаш време дур да наполни 5 години дете то.Башка и ако немате проблеми здравствени зошто превентивно би боцкала?
Последната вакцина ја прими малата на седум месеци, мислам дека е дтп и веќе за ммр не отидов. Сега има две години и осум месеци ...не сум многу упатена, ама мислам дека треба да прими уште еднс ревакцинација на дифтерија тетанус и детска парализа, ако не грешам едната на 18 месеци, а другата на 20 месеци. Памет немам што да правам, во голема недоумица сум. Прво, незнам дали треба ревакцините да ги прими или може ммр без нив. И како што читам погоре ммр дава подоцна реакции, а ако и ја ставам утре и ја пуштам за два дена во градинка ми е страв. Некој совет мајки...матичната постојано ми вика што чекаш. А, за некое време планираме и во странство да заминеме, колку што читам тука задолжителни се вакцините, па и тоа ми претставува дополнителен товар. Офф...
@pilenka може да се прескокне ммр и да се продолжи со другите вакцини односно ревакцини, ако одлучиш да не ја ставаш таа а да продолжиш со вакцинација. Во странство не секаде е задолжително.
Мене ми ја презакажаа по 3 дена од завршувањето на антибиотикот. Прашај кај вакцинации, или јави се ќе ти кажат.
@pilenka негде читав дека во странство децата после вакцинирање со Мрп се во карантин, не се носат во градинка поради тоа што вакцината содржи жив вирус. Кај нас не кажуваат така, не знам зошто. Инаку во иста ситуација сме, моето ја прими последно шествалентната на 9 месеци, со задоцнување, летото требаше да го носам на ревакцина, ама еве уште не сме биле и не знам како да продолжиме.
Јас зборев со двајца доктори (општи) баш на истава тема. Велат прениско е нивото на концентрацијата на живиот вирус за да доведе до несакани појави кај друго дете.
Отидов за консултација и ми рекоа дека до 5 години може да ги прими. Прво треба да прими една ревакцинација па мпр.Ама арно што ја вакцинирав...цела недела сме со стомачен, дали вирус дали бактерија не знаат...копрокултура негативна, рота вирус негативен, а она се исцеди. Јас ќе причекам подолго за вакцинација. А инаку, на инфективно врие деца со морбили...
@pilenka моето летото на два пати стомачен вирус фати, и јас затоа не го однесов, а сега веќе почнаа вируси растечен нос пред една недела имаше, па роденден ќе прави и мислам исто да почекам уште некој период. А децата на инфективна сите се невакцинирани? Знам кажуваа на вести и вакцинирани има меѓу заразените.
@joy1 незнам дали се испитува посебно за салмонела. Испитавме рота и адено вирус и направивме копрокултура. На копрокултурата не покажува салмонела? Инаку ни дадоа лидаприм прееска, беа покачени леукоцитите, па се сомневаа на бактерија што не ја изолирале во копрокултурата. Од еднаш што и дадпв антибиотик, еве ја подобра е одма..
да да преку копрокултура се покажува.Штом ви делувал антибиотикот веројатно за бактерија се работело.На вирус секако не делува антибиотик.
Вакцинирани се, во четвртокот примија дете со заушки, а сесртичката била дома со морбили, а денес примија уште две со морбили.
Не знам за кои земји се работи, ама овде кај што сум јас апсолутно нема врска ова. Никој во градинка не не прашал дали и од што го вакцинираме. Само по доктори кога сме биле сме кажувале заради одредени ситуации и терапии. Инаку, апсолутно никој не го интересира и не ти се меша дали и зошто не вакцинираш. Во градинка па најмалку. Мојот после ММР само 3 дена беше дома и се врати во градинка. Се беше во ред со другите дечиња и со него. Вака е во Шведска, во други земји не знам, нека кажат другите.
@green.eyes не можам да најдам, одамна читав по форуми, најверојатно американски. А имаше и слика од врата на диспанзер каде што истото го пишуваше на англиски, мислам и тука некој ја имаше постирано. Можеби е постара информација, сега барам баш, некаде пишува дека во периодот на инкубација се преносливи живите вируси од вакцината, а на други извори дека не се зошто е ослабен вирусот.
@kristina.k , веќе да не знаеш кај да фатиш, едни велат жив вирус, едни велат ослабен вирус...... исто и со сите спротивставени информации околу реакции и несакани ефекти. Оди па донеси одлука ако можеш
Колку случаи има со морбили на клиника? Како тоа "врие" од морбили? Па знаејќи ги нашиве, нонстоп ќе висеа по телевизии и ќе кажуваа дека има епидемија. Еднаш излегоа, оттогаш живи ги нема, зошто? Јас знам за 11 случаи. А никој не кажува за бебињата на клиника со епилептични грчеви после примена вакцина. Инаку, вакцините со живи вируси се потенцијални пренесувачи на болестите, колку и да се вирусите во нив ослабени. Во упатството на ММР си пишува дека тазе вакцинирано дете не смее да биде во контакт со бремени жени и невакцинирани деца, јас тука би ги ставила и имунокомпромитираните лица.