И јас до 8 месеци тоа што примивме од вакцина и застанав со вакцинирање до ммр.Малата тргна во градинка тогаш и цела година беше со настинки,вируси бактерии и не ми ни паѓаше на памет да вакцинирам.Лани беше добра па ај си реков да прозбори убаво и имунитетот да и зајакне уште малку и да ја вакцинирам од кај три години. Баш завчера зборев со пријателка која е сестра на имунологија,има ќерка колку мојата и она уште не ја примила ммр,ми рече перидов се што е вакцинирано со ммр секој ден доаѓаат на клиника со нус појави од вакцината отоци,температури до 40 и слично.Од прочистените немало веќе кај нив,не носеле и ми рече да почекам,веројатно сумљат на квалитетот на вакцината.
Јас малата ја вакцинирав со ммр во петокот Долго време се мислев да или не, иако до сега големата ќерка редовно ги има примено сите, и за малата прашање на време беше кога ќе ја вакцинирам, до годинка ги прими сите, сега е веќе две ипол год.матичната рече дека може да се одложува до 3 год, па нели чекаме да проодат прозборат, ние тоа веќе оддамна го имаме, па така се боцнавме Дента беше поспана, оток нема, ни рекоа дека може да има покачена температура, а и немора, демек веднаш, некаде па слушнав дека после 10 тина дена може да има реакција
За истово прочитав по групиве на фб со мајки, една мајка имаше пишано дека пратката на ммр е шкарт и гледаат на секаков начин да ја потрошат па затоа и наводна епидемија, ова го кажала докторка од имунологија.
Како така бе жени за деца се работи. Толку ли се нема свест и совест. Па и тие се родители, шкарт вакцини на животни не се става, не на деца. А докторкиве што предупредуваат блиски нели е фер да се соберат и да се изјаснат против таа пратка, да одбијат да вакцинираат, заклетва потпишале, не знам не можам лесно да поверувам во ваква работа или па многу наивно гледам на работите.
Ни тие што вакцинирале не знаат кога ММР дава реакција реакцијата на ММР не е истиот ден, туку после 7-14 дена, колку што е потребно за инкубација на вирусите. После седум дена од вакцинирањето најрано може да качи температура или да се нафрли со осип или и едното и другото. Оток нема на местото на боцкање, а дента ако била поспана, тоа е реакција на помошните состојки во вакцината. Искрено, јас мислам дека сиот увоз на вакцини кај нас е шкарт. Оти на тендери не се гледа квалитет и цена, се гледа само цена... најниска. Друго е тоа како се транспортирани, како ги чуваат, каде, како ги аплицираат... ама никој не се замара со тоа. Лошо. Многу лошо.
Богами какви афери кружат во нашата држава, страв ме фаќа и обичен лек да му дадам на детево. Ама пак ваквите изјави ( дека има шкарт серија од некоја вакцина) ме фрлаат во очај, зашто навистина сме немоќни. Мора да избираш меѓу две зла - невакцинирано дете и лоша вакцина.
Па тоа е работава... сега последно што читав за паралелниот увоз на лекови, коса ми се крена. А за вакцини да не правам муабет... и уште притискаат да се вакцинираат децата... страшно!
@Верче4 мене др што работи на вакцини ми рече најмалце 2 месеци после антибиотик, да му дадам време на имунитетот да зајакне, со зборовите " а каде се брзаш" @pilenka информацијата дека врие од морбили 100 % ли е сигурна? И ако ти е од прва рака, колку е тоа врие 10, 20, 50 деца? Зошто за неколку случаи на сите вести кажаа, со цел да посочат да се вакцинира. А за ова би давале ударно нон стоп, а нема никаде во јавност.
@Annath и чаре? Да не ја ставаме воопшто? Каква е состојбата на децата кои невакцинирани се заразени со морбили, мене и сипаницата ме плаши искрено? Последен случај што слушнав на вести беше за лаборантка која се заразила, а била вакцинирана.
Нема врска дали детето прозборело и проодело убаво. Ова нонстоп го читам. Ни пак одложувањето до 3 гoдини. Мојот внук ја прими ммр на 2,5,зборуваше, а по некои две недели го изгуби говорот. Сега има скоро 10 години, ништо нема прозборено после вакцината, а секаде го однесоа детето. Не најдоа лек за жал.
Не знам, не знам што да кажам и каков совет да дадам, навистина не знам. Вакцината не штити од болеста, само наводно полесно се прележува, што не мора да значи.
Да нас на ред ни е ммр веќе сме 16 месеци ама не ми се става ич. Само ја одложувам и нешто не ми е мирна душата за оваа вакцина, со другите не ми беше до толку. Јас кога беше здрав не му ја ставив, па пиевме сега неколку дена антибиотик и нема шанси за брзо да ја прими. Фала ти.
Jas zastanav do prvata sestovalentna t.e samo taa janima primeno i tie dve vo bolnica koga se rodi neli. Ima 14+ meseci ama vo megjuvreme leto,nastinki,virusi,bronhiti,antibiotici i eve uste stoime samo na taa prva sestovalentna dtp polio i nez sto dr bese. Planiram i drugite dve polivalentni da gi primi i da zastanam na mmr. Nema da ja prima mmr ke si platam kazna. E sega me interesira drugite vakcini posle mmr smee li da gi primi bez razlika sto mmr ke e preskoknata ili ne?
Смее да, на 18 месеци е ревакцината прва, ама подоцна кај вас како што ќе примате дозите ќе си регулираш.
@TheSecret на поливалентните, прво има три дози (вие сте примиле една), па на 18 месеци е ревакцината.
@irena.1 не зборам нешто што сум слушнала без да видам. Малата на носев на инфективно во средата и во саботата. Во средата примија едно дете со заушки, а таткото се жалеше дека дома сестричката е со морбили и тоа вакцинирана, а во саботата две деца примија со морбили. Коски ми се тресат, јас ја однесов за дијареа и дехидрираност, а ако ми закачи сипаници, невакцинирана...
Бебето ми е 4+ и освен вакцините во болница, на други вакцини не сум го носела. Сакам нареднава недела да го носам. Дали е страшно што одложувам? дека нели првата вакцина по излегувањето од болница била на два месеца. Ај ве молам за совет.
Немаш гајле ич да не се мислиш. Не е морално точно да е примена тој месец. Еве синко таа што тррбаше на 2-3мес да ја прими ја прими на 6мес. Зашто требаше да ја прима летово и јас несакав вакцина да птима на 40-50стрпени и го вакциниравме 3 месеци покасно. Еве сега требаше да прима вакцина, но нешто носето му беше затното и ќе ја прима за 2 недели. Прво идеме кај педијатарот, па крвна слика и нареден ден вакцина. По тој редослед. Со лесно боцкање и мој совет кој го добив од докторката која му ги става вакцините.....одма после боцкање стај на местото од лепенките. Само што го боцнаа стаивме одма лепенка на бутчето ( на пола ја исеков лепенката зашто се големи и немаш гајле гелот не истекува ). Со лесно да поминете.