Синчето има три месеци, одлучив да го вакцинирам освен ммр. Прашање ми е, освен крвна слика што матичната рече секако правиме на што друго да внимавам? Носето како да му е затнато, полно мрсули беше до пред некој ден... и после вакцинација што да правам и што да следам? Какви се тие лепенки и кога да ги ставам?
Здраво женски.Да ве прашам внучето ни е од странство и примило вакцина таа што се дава на 13 месеци.7 дена е веќе со висока температура од вакцината,ќе му ја симнат одма пак му се качува.Викале хитна не сакала да дојде викаат не било страшно,страшно е дека сепак преку 39 оди температурата
Тоа не е мал период (7дена) со висока температура, нека го носат детето во болница. Хитно во болница, ова не е нормално после вакцина.
Никако да не го оставаат со тт па макар и 37 со 5 да е . Имам разговарано со педијатар на таа тема и ми има кажано дека максимум 5 дена со тт па колку и да е . Право нека го носат.
Го однеле во болница му дале парацетамол и ги пуштиле дома,не сакаат да го задржат.После им качи повторно температура хитна викале не сакале да дојдат не било страшно.
Температура како реакција од вакцина може да трае до 7 дена. Некои вакцини имаат реакција со задоцнување, т.е недела, две, после вакцина се јавува истата. Во секој случај, температурата е доста висока и треба да биде детето прегледано од педијатар. Се надевам дека не примило вакцина пред да биде прегледано и дека за време на истата било здраво. Оти е тоа многу важно, за да има добар одбранбен систем за да се избори.
T при вакцина се јавува до 72 часа повеќе од тоа НЕ.Кај ммр не дава одма реакција туку после десетина дена,евентуално недела.
Ќе прашам дали го прегледале пред вакцина од страна на педијатар.Кажуваат дека детето било супер пред да му ја стават.Многу висока температура греотка.Ти благодарам
Епа оваа е ммр јас колкушто разбрав. Ќерка ми две недели беше со тогаш со тт. А другата немаше воопшто реакција. Ова може да не е од вакцината. Ами паднал имунитет од истата и после вирус. Ама толку висока тт може да биде и бактерија.
Па планот ми беше до ммр да вакцинирам, а за после де размислував. Само во моментов одложивме заради други причини. Чекам контрола и дозвола од докторите па ќе ставам. Таа на два месеци уште не сме ја примиле.
Исто и јас...уште немаме примено таа на два месеци еве сега веројатно ќе ја примиме..утре сме на контрола, ќе правиме и крвна слика само мисла ми е носето дека малку затнато делува... ќе видам матичната што ќе каже... А ммр јас сигурно ќе ја одложам, а може и нема да ја прими воопшто. Ептен ми е страв од таа вакцина.
И јас планирам барем првите вакцини да ги прими. Таа на 2 месеци уште и ја немаат ставено, поради бактерија во носе. Примаше терапија, па вчера правевме контролен брис. Јас мислам дека не и е излечена, уште шмркори со носето. Кој знае како ќе се решиме. Напаст од бактерија... Има штета ако се доцни со вакцините? Не сум баш информирана за тоа...
Оваа на два месеци и самите педијатри препорачуваат да се одложи на 3или повеќе месеци, за бебуш да качи на килажа.
Вакцината на два месеци ја прими и сега прими на скоро 4 месеци. Помина без реакција. Баш ја прашував докторката во советувалиштето за ммр вакцината рече во Битола 97% ја примиле,вика мајките повеке веруваат на фб отколку на доктори. Дека во периодот кога се става таа инекција во мозокот требало протеини да се врзат не разбрав стручно точно и тогаш настанувале сите ретардации и затоа ја поврзувале со вакцината. Рече дека сите вакцини се истите што ние сме ги примиле и дека сега последната што сме ја примиле била од Франција.
Majki malata si primi Bsg i Hepatitis B vakcina.So zadocnuvanje zasto nemase kilaza.Kazaa koga ke ima 5kg da ja nosam za sledna vakcina.Nekade okolu 3ti mesec odprilika,taka ni kazaa.Koja vakcina ni e sledna?Prasav no ne mi odgovorija.Samo me poglednaa ko da im pobarav milion evra
Бебе треба да ти е комплетно здраво и со совршена крвна слика пред вакцинација тоа да си практикуваш.Ќе следиш местото каде е боцната вакцината ,дали е болно дали е црвено или можеби да не се има појавено оток ,во наредните 24ч.од кога ќе примите вакцина ќе мериш температура,и мене таму сестрите ми рекоа тој ден бебе да се става почесто на града.Лепенките се викаат антипиреа ги имаш по аптеките ,ќе купиш ќе ги чуваш во фрижидер и ќе ставаш лепенка дирекно на местото каде што е боцнато(инаку лепенките јас ги сечев на три дела една лепенка).За секој случај купи си едно сирупче Далерон да си имаш дома.
Мами вчера ја примивме вакцината што е за на 2 месеци дали може вечер да го искапам тт немаме само знае да заплаче и тоа многу дали го боли не знам од двај го смирувам и спие по 2 сати а еден е буден