ако те боли кај убодот можно е дел од лекот да имаш сеуште под кожата.Вакцината потешко продира од под кожата во крвта.Можеш бруфен да пиеш. ако грутката и натака ја имаш појди на лекар.Обично за 3-4 дена од апликацијата треба да се повлече
Имавме ние такво искуство кај ќерка ми, цел месец стоеше топчето. Препораките од докторите ни беа само да ставам облоги, алкохол или ациди борици. И помина
@joy1 @Annath @Kitten Денес веќе ми е 9-ти ден. Боли и чешка. Облоги слабо ставав од немање време, само 2-3 пати по 15 мин ацити борици Фала ви женски, ќе пробам 2 дена со почести облоги, па ако не помине ќе одам на лекар..
Ова мо звучи како тетанус. Јас имав слична реакција. По совет од доктор на имунологија не примив ревакцина за 2 недели. Најубаво појди нека те видат.
Да тетанус. Ревакцина е за 2 недели? Јас како што разбрав после 3 месеци е првата ревакцина? Тебе ти помина грутката?
Јас примив серум и вакцина. Ако ме држи убаво сеќавањето требаше ревакцина за 2 недели. Може и грешка сум, во 2012 беше моето. Заради болка, црвенило и како топче имав, ми рекоа да не се ревакцинирам. Ми помина грутката - не се сеќавам за колку време, ама знам болно ми беше и спиењето на таа страна.
Серум примив и јас исто. За ревакцина не размислувам искрено немам време Болно ми беше спиењето и мене, но веќе се намалува болката фала богу. Фала ти
Денеска бевме наа вакцина , онаа што е на 4 месеца петвалентна мислам беше. Што реакции да очекувам иако матичната ми рече оваа не давала многу реакција. Ставив лепенка на боцнатото и еве бебе весело е?
И јас имам ставано на местото каде што е боцнато. Така ми има др кажано. Менував на 6 саати. Ги сечев на две. Ги имам користено и кога имал малку покачена тт.
Кај нас немаше реакција поголема. Немаше температура, само по малку беше кенкава дента. Иначе си беше весела и си спијаше исто како и претходно.
Немај гајле Ели, не е страшно. Мојава немаше никаква реакција. Си беше весела цело време. Менував лепенки на 5/6 саати. Гушки за храбриот батко .