На 2? Јас исеков помало парче Следното поголемо ќе биде тогаш. Педијатарот ми рече 3 дена. @Luna91 срце ми се стегна
Јас на 3 ги сечев лентите, докторката ми кажа на боцнатото да лепам. Мислев е доволно. Знам како ти е, затоа пишав. Јас си поплакав во кола од жал.
Цел ден плачев кога ќе помислев. Сега на наредна незнам како ќе отидам. Јас и по цела лпенка лепев од страв. 2ипол дена ставав и ми беа нонстоп во фрижидер. Како поминавте? Дамјана помодре од плачење страшно.
Јас одма после боцкање залепив пола лепенка. После три четири саати ја извадив и до пред легнување ставав облоги со борна киселина. За спиење пак лепенка. Наредниот ден само повремени облоги. Поминавме без реакции само кенкав беше. А за плачење при апликација и тоа како имаше....срце боли ама тоа е.
Јас ја сечам на 3 дела лентата и во фрижидер стоат. Докторката кажа на 8 до 10ч може да се стое залепена, а измеѓу облози од ациди борици да ставам, навечер парацетамол, а преку ден по потреба. Ние денес ја примивме таа на 2м. Пред тоа крв ѝ земаа. Колку плачеше и јас поплакав со неа. Среќа бргу ѝ помина, сега е добра, малку само по невесела од вообичаено. Боле ја ноже. Душичка.
И мене така ми речеа, ама за навечер вика да не ја мислеш ноќеска можеш да ѝ дадеш 2.5мл. Вие која вакцина ја примивте? Прва ли ви е после тие во болница?
@forumce може и воопшто нема да крене, мој совет да не даваш превентивно ако има нормална температура. Освен ако нема болки, ама голем број деца немаат реакција. Не ми се јасни докторите, ако не ја мислиш ти, кој ќе ја мисли, и да дадеш сируп сигурно нема да си легнеш и да не ја провериш воопшто.
Сега ме потсети ти, ептен сум заборавена. Ми рече ако е вознемирена да ѝ дадам, оти најверојатно ја боли. Ќе ја следам секако, па ако има потреба ќе ѝ дадам сируп.
Ако мислиш на сируп далерон, тој се дава ако има тт над 38,5. До 38, 5 не се дава ни превентивно. Двајца педијатри ми го кажаа ова.
Да на далерон (парацетамол) мислам. Добра е сега за сега, спие. Ама ќе ја следам и ако каче ќе ѝ дадам тогаш.
Ние сега за сега супер поминуваме со вакцините. Во вторникот ја прими таа на 4 месеци што е, малце плачеше само кога го боцна после одма се смири. Реакција немаше ни со првата ни со оваа. И баш си е весел си се смее тој ден како ништо да не било. Дај боже вака да биде за секоја вакцина.
Уште нешто да прашам , сега приметив. Вакцина примивме во четвртокот , нус појава немаше , ставав лепенка на боцнатото. Сега го фаќам на боцнатото место и како топче има. Да го носам налекар или нормално е ?