Еве ме мислење над тебе. 3 наполни во саботата, а ќе ја вакцинирам задутре. Не мора да чекаш толку како што знам девојчето супер ти напредува. Мојата матична ми рече да ја прими на 3 месеци. Некаде низ форумов прочитав дека се препорачувало бебето да има над 5kg. Најдобро ќе си одлучиш сама, ако мене ме прашуваш на 2 месеци никако, но и не мора до 4 да чекаш.
Мене Станче ми рече нема потреба од брзање. Не ми се ни носи по амбуламти сега во ек ма вируси. Башка и книшка уште немаме Тоа морам да го средам деновиве
На малата вакцина и ставиа минатиот понеделник,бевме 2 месеци и 1 ден.. а пред вакцина и земаа крв од прстето, но спиеше и не си ни разбуди кога и земаа крв.За едно чудо, како што е темпераментна како влеговме во болница ни заспа.. И За вакцината малку ни заплака , но нормално. После вакцина дома супер поминавме.. сега на 3 месеци и 2 недели сме повторно на вакцина и систематски. И мене ми е жал многу, но дали сега или после 1-2 месеца пак треба да се стави, а тие се наши мали душички без разлика колку се големки..
Ние на два месеци се вакциниравме, а овде пак четири вакцини одеднаш даваат и тоа една преку уста , а другите три со боцкање, три пати ја боцнаа . Среќа немаше ни температура ни ништо и малку плачеше, околу пола саат ама па дома после ќе спие пример и ќе се сети на тоа и ќе почне да плаче , поинакво плачење, многу жално некако. Другиот ден заборави се. Сега ми е страв за другиве вакцини, ќе биде и поголемка и повеќе ќе разбира, е дури тогаш ќе ми биде многу жал, сега многу и на сфати што и се деси.
Примивме вакцина во нога, таа шо е на 3 и пол месеци и има како кругче црвенило и тврдо е местото околу боцнатото. Нормално е?
Јас денес ја носев малечката моја имаме 3м и 19 дена.Малку е нерасположена денес ама во глобала е добра.
Јас сеа бргу ги купив од Зегин лепенките Антипиреа. Зегин во Аеродром позади Веро. Можеш Ацидиборици да ставаш.
Ги нема!! И јас денес во 100 аптеки се јавив да прашам и секаде рекоа дефицитарни се, веќе два месеци немало увоз.. Ќе пукнам од нервоза, што малер ќе бев, утре сме на вакцина. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. @sofi2107 некаде прочитав дека ти го носеше твоето во Јане Сандански, ќе можеш да ми кажеш каде точно, кој влез, спрат итн. Да не лутам со бебе по болница...И што да носам со себе, освен здравствена книшка и крвна слика. Ова ни е прва вакцина, после оние во болница. И каде се става, во раче или во бутче
Јас ги купив сега крајот на јануари зашто на 02.02 го вакциниравме синко. Таму ќе ви отворат картон. Ќе го носиш она картонското од болница што ви го даваат за бебе ( со податоците на Гак даваат такво, а од другите родилишта незнам што даваат ) и здраствена книшка. Обавезно крвна слика треба да имаш за бебе ( мојата е секад не постара од 3 дена ) зашто нас ни рекоа обавезно крвна слика да имаме пред да го боцнат зашто инаку не боцкаат ( така ни беше напоменато ). Кога ќе влезеш од главниот влез ќе идеш десно и скроз до крај ( приземјето... ќе ја поминеш вратата стаклена на која пишува за деца предшколска возраст ). И одма лево ќе видиш ходник широк со столчиња и едно за пресоблекување бебиња. Карши тоа за пресоблекување бебиња е вратата каде се вакцинира. Нема да утнеш. Глеј иди порано за да не случајно има гужва. Можеш и од страничниот влез да влезеш ( не оној кај аптеката ) и вратата од лево и исто си одма во холот. Се надевам убаво објаснив.
@sofi2107 Јас имам од Систина педијатарска книшка со податоци за бебето, би требало тоа да е. Супер објасни. Ќе се снајдам. Фала ти
Една недела после вакцина, на допир се осеќа како топче тврдо внатрешно, црвенилото сега го нема. До кога да чекам да се повлечи или да посетам треба педијатар?
Мами, денес примивме вакцина шествалентната онаа на 2месеци што се прима. За сега е ок, но ме плаши ноќта. Наместив аларм на секој саат да ме буди (не дека ќе заспијам од грижа) ама да не е многу, да наместам на пола саат? Кога најчесто креваат температура??
Таа вакцина најчесто поминува без реакции...не с егрижи толку, проверувај кога ќе станува за цицање ама не мора на пола саат...најверојатно нема ни да има тт.