Каде треба да го однесам бебето за првата вакцина, бидејќи не ја примивме кога се роди заради тежината?
Ќе се јавиш во поликниката што е во вашата општина и ќе закажеш и они ќе ти кажат кога треба да го однесеш бебето
Која е таа прва вакцина која ја примавте и за која мора да има одредена тежина? Малата бсж ја боцнаа прво ама имаше околу 2600,2700гр мислам
БСЖ е прва вакцина и мора да има барем 2500кг колку што знам. Кога се роди големиов, во болница само со БСЖ го боцнаа, а не и хеп.Б, бидејќи немал доволна тежина, се роди 2760. После кога накачи над 3кг ја прими. Ама тоа беше пред седум години, сега не ни знам како е.
Хеп.Б во болницата ја прима, се роди 2600. А бсж после 2 недели откако се роди. Никој не ми кажа дека треба да има над 3кг
Незнам , сигурно го има некаде бидејќи се јавуваше и прашуваше и така и потврдија и по телефон. А каде незнам, прочепкај по нет можеби ќе најдеш некаде.
Бебе 7+. Во четвртокот примивме 5 валентна вакцина, сега местото е тврдо на допир и точката како малку испапчена делува. Ставав антипиреа лепенки па ациди борици ама сеуште е така тврдо. Ќе се повлече ли? Има шанса да го боли ? И дали е за на педијатар?
Сосема нормално е да е тврдо како грутка местото. Ќе се стабилизира за некој ден. Не масирај и не притискај. Ќе боли ако го притискаш со рака. Инаку не ги боли.
Мајки утре ќе одиме синко да ја прими ММР. Има 22 месеци. Е сега прашањето ми е дали може да се меша со други дечиња после примањето на вакцината , свекрва ми го чува заедно со внука ми која има 14 месеци и ја нема примено ММР?
Не е препорачливо да се меша, не за твоето, туку за другите, првите две недели па и повеќе, има пишувано за тоа низ темиве можеш да прочиташ
Зошто за другите? Мене докторката ми рече дури и да оди во градинка, не е тоа активен вирус, изолирана форма што само го стимулира имунолошкиот систем да создаде антитела. Ова да не се меша педијатар или во диспанзерот во го кажаа?
Може да се пренесе, да, баш ова го знам од педијатар, во петокот го зборевме. Таткото немал примено ммр и фатил од ќерка му која примила вакцина за ммр. Но тоа трае 2-3 дена како антителата се активни. Иако не значи дека ќе фати треба имунитетот да е скроз на долна граница сепак се препорачува петок да се вакцинира за да може понеделник да си оди во градинка нормално,
Син ми ја прими кога сестричкава му беше 2ипол м, никој ништо не ми кажа, а заедно ги носев на вакцина...
Стварно? Јас првпат слушам, колку деца кај син ми во градинка сега примија ммр и нормално се мешаат, плус имаат допир и со најмалата група кај што скоро никој не е вакциниран. Мене во Млин Балкан ми рекоа се најнормално после вакцината, значи градинка, родендени, игротеки...