Искрено, прво ме убедуваше докторката да ја вакцинира по редовен календар со Ммр, па со Дитепер ревакцината, но јас не попуштив. Да, така ние направивме. Ревакцината ја боцнавме, Ммр прескокнавме.
И нас ни нема стигнато, ама и не ни досаѓаат како во претходниот диспанзер. Претходно имаше јавувања, испрашувања, ко да сме некои криминалци. Овде се многу полабави.
Јас ова ќе го кажам мамички по мое мислење. Господ да ни ги чува и тој како е речи така ќе биди. Та со вакцини та без вакцини мајкини чеда се во секој случај.
Немав време да дополнам мислење- кога требаше да ја прими ммр почнав тука да читам и милион негативни работи ми поминаа низ глава. Речиси сите мајки застанаа до Ммр. Ќе ви пренесам мое искуство, ќерка ми родена крај на Април и тогаш ни беше запишана во картонот ммр, најпрво. Требапрво белка да се воведе и след тоа ако е во ред да се продолжи со вакцината. Белка воведов на 13 месеци и одлучивме во септември да ја вакцинираме зошто летно време ме се вакцинира. Во септември , проверуваме крвна слика и излегуваат покчени леукоци зошто три недели пред тоа имаше вироза и докторот ми кажа да почекаме да биде се во нормала. Следуваше стомачен вирус кој тешко го помина. Доби страв и трауми од доктор.Тежок период беше, се плашеше дури кога излегувавме некаде, во продавници не влегуваше дете од страв да не е доктор во прашање. Ја боцнавме со ревакцината и со неа касневме 2 месеци. Ммр ни ја презакажаа за март по 2 месеци. Следеа многу маки со изникнување на забите, 4--3-5- те температура, растечњно носе, плачки,неспиење и што не. Се смири тоа се кога излегоа сите заби, но таа повторно летото ми фати крајот на август стомачен вирус кој две недели не се среди. Ајде пред роденденот ќе ја боцкаме ммр као спремни да сме , фати вирус.... Зборот ми е дека и вакви работи излегуваат, непредвидени, затоа ако вакцинирате и здрави ви се децата не одложувајте на подолг период.
Колку време треба да помине од вирус за да се вакцинира бебе? Пиевме антибиотик до минатата среда, сега е во ред и сакам да го пратам во градинка. Се плашам да не залепи пак некој вирус, да одиме ако не утре да го боцнат? Инаку треба да ја примиме таа против пневмококни заболувања, поради често воспалување на увцињата.
Како да ми се мота во глава 2 недели од тука што сум читала. Некоја мајка со искуство ќе ти каже поточно.
Мене ме интересира дали имаат врска годините кога е најдобро. На пр. ако ја прими покасно, дали реакциите се полоши или пак вакцината нема да делува. Не знам каде да се распрашам за тоа.
Мислам по ново до поаѓање на училиште ко да слушнав за Ммр. Оти нели ќе казнувале ако не е вакцинирано детето за упис. Моето е 2 и пол, и безброј покани ни имаат стигнато. Во Бт се најстроги ко што гледам од сите диспанзери. А знаат за ситуацијата со јајце што ја имаме и знаат дека има дерматит и дека чекам на 3 да правиме алерго тест, ама залудно, сама докторката ми кажа дека ќе праќаат дури не го вакцинирам, или казна да платиме.
Мајки, вие што сте ја боцкале Ммр дали им дававте нешто дополнително после вакцината, пример витамин Ц, пробиотик и слично? @mariz Знам дека Тео го вакцинираше Ќерка ми ја прими денес, докторката ми кажа дека многу ретко дава реакција со температура и ништо не ми ни спомна дека реакција треба да очекувам покасно. Во случај на температура, да давам сируп и доколку пројави осип дека истиот е краткотраен и брзо минува. Ниту пак ми рече да ја пазам две недели или мешам со други деца.
Ние го вакциниравме минатата недела малиот на 2 години и 4 месеци. Викендов му се растече носот и имаше некоја гранична температура која сам ја спушта без никаков антипиретик. Прашав педијатар ми рече или е вирусче некое зашто има благо црвено грло или е реакција од вакцината ама не е ништо страшно и само да следиме ситуација. Инаку ништо после вакцината немавме проблем. Со другите вакцини имаше црвенило на местото на боцкање сега ништо. Нема немешање со деца и такви работи. Не знам кој го измисли тоа.
Мојов си беше со пробиотик Киндеримуно и ацерола давам исто така секој ден и си продолжив само со тоа, ништо друго посебно не дадов. Супер помина мојов, без реакции пострашни.
Мајки некои што сте со маалце поголемки бебиња од моето (8мес). До сега ги прими шестовалентна и петтовалентна во диспанзер. Сега мислам пак треба шестовалентна да прими. Дали да ја одложам за од Септември да помине летово или да си ја прими сега во термин? Во септември прави 1 год, а тогаш не знам што вакцини следат, да не ги измешаме ептен
@mariz @JoyJoy Ви благодарам мамички. Нека се живи и здрави само. Следна боцка ми рекоа кога ќе е прваче- маче. До тогаш има време @eli.karameli Ако ти е запишана сега т.е здраво е бебето ставија вакцината. Ако немаш причина не одложувај до септември. Летно време и така не се боцкаат децава.