Вакцинирање на доилки и трудници против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од PurpleMind, 17 февруари 2021.

  1. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.190
    ДОбро утро! Има ли некоја информација како би се одразила вакцина против корона врз доилки?
     
  2. elcezelce

    elcezelce Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    2.865
    Допаѓања:
    19.609
    Пол:
    Женски
    Доилки и бремени жени не треба да се вакцинираат.
     
    На KuklickaSk и elimkd им се допаѓа ова.
  3. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.190
    Се знае зошто?
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9.352
    Допаѓања:
    54.497
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ширам паника, од старт да кажам, ама сестра медицинска од УСА трудна 14 недела се боцкала и за 3 недели го изгубила бебето. Имаше објавено на Инста дека се боцка и потоа објава дека има спонтан. Медицински причини не знам, ова од објавени искуства ти кажувам.
     
    На thelittle17, buba4e89, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    2.030
    Да, не размислив за ова, од цела моја фамилија само јас решив да се вакцинирам ако е точно ова со доилките ќе почекаме значи. Сепак да кога веќе не смееме туnа да јадиме вакцина па ич :)
     
    На mal.ecka и PurpleMind им се допаѓа ова.
  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    4.924
    Пол:
    Женски
    Гледам дека многу се шпекулира.
    За бремени не знам, не прашав.
    Доилки може да се вакцинираат. Мајка ми е епидемиолог и ме советуваше да се вакцинирам. Ние имаме и српско државјанство и мајка ми сакаше да не испрати таму да се вакцинираме ама бидејќи ќе дојдат наскоро и кај нас нема потреба да се малтретираме.
    Ние ќе се вакцинираме со кинеската исто по препорака на мајка ми.

    Инаку за таа што го изгубила бебето, само истражете колку го имаат изгубено бебето од вакцина од грип па пак се препорачува на трудници.
    Значи не е баш до оваа вакцина...
     
    На dunika, Филотеа, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SanelaS

    SanelaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.101
    Jas sum lekar i sum doilka se vakcinirav i revakcinirav po 21 den posledici od vakcinata nemam.Nemav i nekoi teskotii po vakciniranjeto.Ova e moeto iskustvo.
     
    На dunika, thelittle17, TarantulaA и 9 други им се допаѓа ова.
  8. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.920
    Овде во Арапските Емирати исто не е дозволено за доилки и бремени жени да се вакцинираат. Познавам една девојка која што го одби малото од цицање пред да наврши година за да се вакцинира.
     
    На elimkd и PurpleMind им се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    2.865
    Допаѓања:
    19.609
    Пол:
    Женски
    Мене тоа ми беше препорака од лекар, затоа што сеуште не се испитани доволно вакцините на доилки и бремени жени, немаат доволно научни истражувања и студии.
     
    На Konfetka, BY<3, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.190
    За трудници, особено во рана бременост не е препорчливо. За доилки на интернет наоѓам различни мислења, едни викаат дека не е доволно испитана, што е логично затоа што е нова вакцина, други викаат дека бебето би стекнало имунитет преку мајчино млеко, трети дека вакцината не ни стигнува до мајчиното млеко и за ова сум лаик и не би можела да кажам мислење.

    Проблем е што ќе тргнам на работа и работам со лица кои се во ризични групи, би можела да ги заразам, а има и такви кои би можеле и мене да ме заразат, така да не знам кое е помало зло, односно вакцина или невакцина.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.111
    Допаѓања:
    70.288
    Да престанеш да доиш?:?:
    Јас дури доев, антибиотик не смеев да пијам, уствари ретко кој лек е дозволен за доилки. Сега по ново што измислуваат сенешто, спротивно на досегашната пракса и здравата логика, не знам како да го толкувам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    4.980
    Допаѓања:
    19.386
    Пол:
    Машки
    Од она што засега е познато, нема податоци дека вакцината против Ковид- 19 може да предизвика некакви несакани ефекти врз мајката или бебето, а тоа главно се должи на фактот дека бремените жени не беа вклучени во досегашните фази на тестирања за вакцините.

    Засега, препорака на СЗО и CDC е вакцина против Ковид- 19 да примат бремените жени кои имаат поголем ризик од инфицирање, главно преку работното место или имаат некои претходно- постоечки здравствени проблеми или хронични болести.

     
    На Alishan30 и PurpleMind им се допаѓа ова.
  13. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.190
    Јас и антибиотик имам пиено, наводно дозволен за доилки.
     
    На Butterfly1107 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Моментално препораката е да се ослободат од работа.
     
    На TarantulaA и Autumn Love им се допаѓа ова.
  15. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.190
    Истово ми го рекоа за доилки сега кога се јавив и зборував со здравствен работник, но сепак ми препорача да препрашам во одделот каде што се извршува вакцинацијата.
     
    На Alishan30 и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Колкаво ќе биде детето кога ќе тргнеш на работа? Можеби ќе ти го продолжат породилното до тогаш, ќе донесат некој нов закон.
    Секако нели можеш 2-3 неплатени месеци да земеш мислам па подобро да го одбиеш на една година отколку вакцинација. Битно е да сме здрави и живи. Ова е поинаков период за сите, тоа е.
     
  17. elcezelce

    elcezelce Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    2.865
    Допаѓања:
    19.609
    Пол:
    Женски
    Има антибиотици кои се дозволени за време на доење и јас имам пиено.Во слична ситуација сум со тебе, ама искрено јас не помислувам да го одбијам бебево поради вакцина, така да ќе ја одложам вакцината.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    13.573
    Има истражувања на интернет, бремени не се вакцинираат. Не брзајте.
    Нема доволно податоци како влијае вакцината.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Зошто не туна ?
    Прв пат слушам ,бебето е 6 месеци ,скоро секој петок јадам туна. Ни сум приметила нешто ,ни некој ми кажал дека не смее...

    Он топик.
    Не би примила вакцина во првите ни општо а не пак сега како доилка ... Ќе почекам да видам како ќе се одвива се ова па потоа ќе размислам повторно
     
    На mal.ecka и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    2.030
    И јас овде прочитав дека не јадат туна заради живата во неа, педијатар не ми кажал.
     
    На mal.ecka и Осе им се допаѓа ова.