Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    112 глас(а)
    67,1%
  2. Против

    55 глас(а)
    32,9%
  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    2.760
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам затоа што дознав страшни работи за вакцините и што се има во нив па ајде малце да помуабетиме во врска со тоа,сега незнам колку вие другиве сте информирани.Ќе постирам неколку работи.а вие изгледајте па кажете :). http://2012-transformacijasvijesti.com/ ... od-cjepiva http://www.naturala.hr/interview--dr--l ... o-420/420/ http://hpv-vakcina.blogspot.com/2009/11/blog-post.html
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.005
    ПРОТИВ!
    Затоа што
    - се вакцинира со неквалитетни вакцини најчесто набавени од Кина а често и со пројден рок

    -вакцините немаат врска затоа што вирусите мутираат постојано а не се толку спремни да секоја сезона прават нови серии на про-во и набавуваат државите

    -најлошо кога малиот организам со уште не стекнат имунитет го вакцинираат со 2 вакцини (не ми текнува како се викаа)

    -во развиените држави ретко кој вакцинира, само ние сме најпаметни изгледа

    -вакцинираат против вируси што некои веќе не се појавиле од втората сведска војна или пак за нешто што е непотребно или има рок на имунизација

    -нус појави од вакцини, кои сите ги знаат ама вешто ги преќутуваат.

    Одамна се познати штетните т.е нус појавите од вакцините ама ретко кој може да ја побие и саботира таа машинерија на големите фармацевски фирми кои ги произведуваат. Тоа се тешки пари со кои некој си го полни џебот на сметка на човечки живот. Нека се изјасни некој д-р дека го вакцинира своето дете. Епа нема, затоа што одат на семинари и читаат и знаат што се случува....
    Некогаш не си паметен да знаеш што е најдобро за своето дете. Еве сега за да го запишеш во основно училиште мораш да приложиш и картонче дека е вакцинирано од сите вакцини, ако не го приложиш е што нема да го запишеш во школо или ќе ти лупнат казна?!?! Го вакцинирав затоа што морав а не дека сакав и тоа онаа најкобната ја задоцнив скоро година дена за да ојача имунитетот па тогаш (имам случај во фамилија во која вакцината му го уништи животот на детето).
     
    На joy1, Marija.Nakova, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    2.760
    Пол:
    Женски
    мило ми е што има и други запознаени со вистината дека вакцините всушност штетат на детскиот организам.А читам на друг форум и забележав дека има доста родители што се имаат и спротиставено и не ги носат своите деца на вакцина.Браво за тие родители и за нивната одлучност.
     
    На Kaffe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    384
    И јас сум читала дека некои состојки во вакцините се канцерогени, ама ете пусти страв, да не направиш поголема беља ако не отидеш, па после цел живот да се обвинуваш себе си.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DeMelo

    DeMelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    1.390
    За почеток би сакала да кажам дека сум благодарна сум што живеам во ова време каде постои интернетот и многу информации ни се на дофат на рака.
    ПО се што прочитав и научив јас се одлучив да не го вакцинирам моето дете, па макар и ме камшикувале на плоштад.
    Син ми прими само две вакцини, првата која ја ставаат 24 часа од кога ке се роди во болница - прва доза хепатит, и втората доза, кога се уште не бев доволно иформирана на 2 месечна возраст но и тогаш бев во довумица.
    Единствено што би сакала е да успеам да најдам некоја врска да му ставам само од тие асимтомските вакцини против тетанус.
    Голем дел од новите вакцини на денешницата како за хпв вирусот за девојчина, сезонскиот грип и сличо се направени само за перење на пари.
    Самите доктори не ги вакцинираат своите деца и оние кои ги вакцинираат купуваат од Грција од тие без симтоми бидејки нашите се премнногу нискобуџетни, со тоа што нус појавите би можеле да бидат поголеми.А за нус појавите каде што има фатални штети многу вешто ги кријат и затајуваат.
    Сигурна сум дека повекето од вас знаат дека нилскиот комарец, Х1Х2 вирусот и многу други се лабараториски создадени веруси, за подоцна медицинската индустрија да пери пари од нив..
    ИСтот така аутизмот била болест предизвикана од вакцините.
    Во составот на вакцината има состојка која се вика тимеросал и е 50 проценти жива.

    Вистината полека но сигурно испливува на виделина, свеста порасна...

    Еве нешто преземено од интернет:


    Микробиологот Никола Пановски вели дека не можеме да бидеме сигурни во безбедноста на вакцината бидејќи ќе треба да поминат неколку години за да се видат нејзините ефекти. - Автоимуните заболувања или, пак, невролошките нарушувања може да се јават и по пет-шест, па и по повеќе години

    Во светот, но и во регионов се води широка дебата за безбедноста и за ефикасноста на новата вакцина. Кај нас засега никој отворено не кажал дека вакцината може да биде опасна.

    1. Вакцините НЕ се превентива на болести за кои што се примаат.
    2. Над 80% болести за кои што се прима вакцина НЕ постојат.
    3. Зошто да се вакцинира кога веројатноста да ја закачи таа болест е минимална (скоро никаква).
    4. Кои се контраиндикациите на вакцините ( не зборам за благо покачена температура), и се знае ли колку случаи во МК завршиле трагично поради вакцина, а докоторите тоа го напишале како sudden infant death ?
    5. За конзервација на вакцини се користат покрај другото, формалдехид и жива ( живата никогаш не може да излезе од организмот).
    6. Во МК постојат вакцини за деца кои се порано родени, кои како поквалитетни се ставаат само во Детската Клиника. Произведени се во Кина.
    Во Македонија се употрбуваат вакцини од живи вируси. Во хрватска и словенија, од мртви.
    Случајот во Струмица на епидемија на заушки ? 50% од лугето вакцинитани, 50% не
    Ист е случјот со вакцината за грип, која е укината во Словенија, поради немање на ефект.


    http://www.toxic.mk/pdfs/ziva_vakcini_mac.pdf
    http://www.toxic.mk/pdfs/ziva_vakcini_mac.pdf
    http://www.toxic.mk



     
    На ELENA***, Moira, bebaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    15.704
    Пол:
    Женски
    Slavica999 која е таа вакцина што ја задоцни година дена, дали ја стави и имаше ли реакција. На моето 5 мес. бебе треба да го вакцинираме со ДТП, ја одложивме бидејќи кога требаше да ја ставиме немаше вакцини, па еден не предомисли вели дека биле од Кина со сомнителен состав и да сме си купиле од Грција, за да потоа друг педијатар ни рече дека тие во нашата болница биле проверени и не предомисли.
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    715
    oфф колку сакам да допрам до една емисија на миленко шоу беше таму имашсе еден професор мислам беше кој отворено зборуваше за штетните последици од вакцините како убаво објаснуваше тоа чудо очите ми ги отвори а ја до тогаш појма немав за вакцините
     
    На Anastasija-Velika му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    277
    И заклучок на темава имаме?
    Кои се добри неопходни вакцини, кои се непотребни и ризични?Има некаде во темиве кои се вакцини треба да се примат и кои се задолжителни, кои не? :worried:
    Мене вакцините за грип ми се жива глупост, поготово сега како постојат 100 типа на грип, што дека ќе се вакцинираш за 2 типа?Зборам за возрасни, за деца не сум во тек :worried:
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    Кога бевме кај педијатарот не прашаа дали сакаме да го вакцинираме детето или не
    И ни дадоа едно книгиче да го прочитаме и да размислиме
    и се согласивме подпишавме за Да ...
    нас сите вакцини кај малата и ги ставаа во бутчињата и до сега нема некоја реакција , освен блага температура ..ама тоа не е страшно ,немаше ништо посериозно :)
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.558
    ^ Затоа што кај вас се ставаат петтовалентни вакцини, нешто за кое МК уште години може да сонува, или евентуално со врски и купување од Грција да се протнат...до тогаш, останува само да се потпираме на религијата и да се молиме да нема поголеми реакции по здравјето на детето.
    И да, во нашето демократско општество НЕМА ПРАВО НА ИЗБОР за вакцинирањето - ние со заплашувања функционираме :lol:
    Ми стигна покана за вакцинирање за малата, со напомена дека како несовесен родител ќе ме казнеле 10.000 ДИНАРИ. Барем валутата да ја променеле, печатот им е од бивша Југославија, а сакаат закон да ми спроведуваат со заплашување и навреди.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stefi23m

    stefi23m Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    кај нас во еден ден му дават 3 вакцини во рачето ноџето и напивка а во грција до 2 месеци не му даваат никаква вакцина и после во еден ден му клават 6 |( |(
     
  12. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    277
    Не ми се верува значи :@ и за ова стигнаа пари да зимаат и да се закануваат.Леле мори мајко каде живееме, 20 години поминаа,ништо не смениле и не подобриле од тогаш, битно први за пари земање.
    А ако го однесам детето во странство да ги прими сите вакцини и си донесам потврда, пак ќе ме казнат и закануваат и плашат со пари?
     
  13. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    329
    Каква е оваа тема дали сте ЗА или ПРОТИВ вакцинација??? Значи сите ама сите до една вакцинација и ревакцинација кои што се пропишани со закон детето МОРА да ги прими. За секоја вакцинација си постојат епидемиолози и истражувања кои што се детално евалуирани. Тоа што ви се закануваат со парична штета ако не го вакцинирате детето е сосема оправдано, затоа што ако ти не го вакнирираш детето тоа е потенцијален носител на таа бактерија и во контакт со помали деца или невакцинирани деца кои што по правило заради возраст на пример не ја примиле истата вакцина може да заврши со страшни последици.
    Ве молам поштедете се од читање на такви комерцијални текстови за вакцинација, кои што го претставуваат вакцинирањето како непријател на човекот. ваше е да се консултирате со докторот која вакцина и ПРОТИВ ШТО ке го вакцинирате Вашето дете ама не и да коментирате дали е тоа потребно.
     
    На ♡BuBaLe♡ и Ekstaza им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.558
    ^ Извини БелаДона, ама не сме овци, па да ќутиме и понизно да примаме се`.

    Комерцијални, некомерцијални текстови - не е битно, битно мене во мојата држава не ми се дава опција (како на пример во Германија, прочитај погоре) дали да вакцинирам или не. Како тоа држава како Мк се уплашила под налетот на епидемија од (веќе)непостоечки болести, а друга како Германија дава избор без страв, со се книџуле за да се информираш За и Против?
    И зошто треба јас да ќутам пред госпоѓите во Јане Сандански, кои не те удостојуваат ни со поглед, а камоли со одговор на прашање поврзано со вакцината која МОЕТО дете треба да ја прими?

    И најважно - Ќе размислам за вакцинација кога оваа држава ќе отвори тендер во кој приоритет за избор ќе е квалитетот, а не цената и провизијата на вакцините!
    Доволен показател ми е фактот што „горните“ си ги вакцинираат децата на Клиника, а се знае таму какви вакцини ставаат. Се` друго ќе си го добие отпадот по поликлиниките и амбулантите.

    Не, ќе ги заведат само во картонот за вакцинација и толку..
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    6.769
    Пол:
    Женски
    Mojата ќерка ги има примено сите вакцини кои ни рекоа дека треба да ги прими....мислам оние редовните против жолтица, тетанус, бесеже итн. итн. Мислев/м дека се истите вакцини кои и јас на времето како малечка сум ги примала. :?:
    Значи одевме на преглед на точно закажан ден (под услов да е здрава)и ја вакцинираа. Потоа во книшка ни закажуваа друг термин и јас си ја носев. Сите вакцини ги има примено и да, бараа ливче т.е. потврда дека е вакцинирана при упис во училиште и таа се плаќа 250 ден.
    И бебето го вакцинираме, минатиот понеделник требаше да прима вакцина, ама е одложена бидејќи пиеше антибиотик.

    Искрено не сум ни размислувала дека може да се штетни и дека се со сумљиво потекло. Сега читам и се чудам :o . Или јас сум наивна и лековерна или тотално неинформирана. :( Ама па и моите другарки кои имаат деца на приближна возраст со ќерка ми ги имаат вакцинирано децата.
    Никогаш не ми паднало на памет дека надлежните органи би дозволиле децата да ни се вакцинираат со, ајде така да ги наречам, лоши вакцини.
    Единствено ХПВ вакцината ми е сумљива, слушнав дека ако родителите не дозволиле ќерката да се вакцинира требало да платат 500 евра. Е оваа вакцина во наше време ја немаше и против неа сум....спремна сум да ја платам казната ама нема да дозволам детето да ми биде експеримент. Сепак има уште 6 год. до тогаш, може нешто и ќе се смени, може ќе ја укинат, а ако не со задоволство ќе платам казна. :!:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.558
    Прашање на избор е лолитке, нема врска со информираност или наивност. Не мислам дека не знам што сум направила, ниту дека другите се поглупи од мене...јас само сакам да ми се даде правото на избор, како што и треба да биде во една цивилизирана демократска држава.

    Мојата ќерка во првите 24 саати ги прими (без да ме прашаат) БСЖ и Хепатит Б, настрана што и` лупнаа антибиотици зошто леукоцитите и` биле покачени. Зошто побогу??? Зошто за Хепатит Б?? Како тоа мало бебе од 1 ден би можело да заболи од оваа болест?? Јас се тестирав пред пороѓај, значи не сум носител, и не можам да и` ја пренесам, ама тие сепак и` ја ставија, нели задолжителна.
    И зошто е задолжителна? Дали нејзиното дејство е толку долго и дали можам да бидам сигурна дека ќерка ми на 20 години нема да заболи затоа што се вакцинирала??

    Еве, конкретно за оваа вакцина велат дека не смеат да ја примаат лица кои се алергични на пивски квасец, или се болни. Од каде тие знаат дали тоа мало бебе е алергично на нешто во рок од 24 саати?? Плус, (во нашиот случај) нели и` утврдиле покачени леукоцити и ја третираа со антибиотици, како на таква состојба и ставаат 2 вакцини???

    Јас не сум за целосно Невакцинирање.....јас сум за модифицирање на календарот, за исфрлање на некои непотребни вакцини и за подобар квалитет на истите. Во светот почнаа да тестираат 6-товалентни вакцини (не дека се согласувам, само колку за инфо до каде се отидени), а кај нас луѓето уште не се информирани ни за 5-товалентните.
    Ме нервира мракот во кој не` чуваат, законите непостоечки со кои ни се закануваат и неизборот, само тоа.
     
    На Psychen, Anastasija-Velika, Keti30 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    43.795
    Пол:
    Женски
    Тука место да казнуваат, тие за секое дете со целосна имунизација ги наградуваат родителите со $1000 ;)

    Има неколку вакцини кои се опционални, за грип, сипаници и менингитис ц, а за другите те информираат за и против, потеклото на самата вакцина, кога, каде и од кого е произведена и најважно те остава сама да се одлучиш дали ќе го вакцинираш детето или не.

    Јас моето дете го вакцинирав, завршивме со сите до година што се, наредната за ММР е на 4 години и после тоа во прва средно(таму 7 одделение, тука е 6 основно 6 средно) примаат бустер шот за хепатит Б и сипаници ама моево сега има сипаници така да таа нема потреба и на 18 месеци кога е редовното вакцинирање да ја прими.

    Вакцинирање за туберкулоза оддамна нема, искоренета е тука, затоа при секоја виза е обавезителен лекарски преглед кој ќе утврди дека личноста нема туберкулоза, мене ми стигна писмо бидејќи последниот пат заглавив 10 месеци во Мк да се прегледам за секој случај.
    Исто сега се мислат да укинаат вакцинирање за полио затоа што немало нов случај во последните 25 години.
     
    На Anastasija-Velika и Moira им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    8.742
    Допаѓања:
    154.624
    И мене ме вакцинираа против Хепатитис Б пред некој месец.

    Предуслов за новата работа беше темелна крвна анализа за проверка од било каков вид на Хепатитис и некои други заболувања, а во склоп на тоа и ревакцина доколку докторот така процени.

    Се беше во ред но за да ја добијам потврдата која ми беше потребна да ја дадам на работодавецот морав да ја прифатам неговата сугестија дека е потребно да извршам ревакцина бидејќи последната вакцина ми била пред 10 год.

    После тоа бев уште еднаш да извршат уште една крвна анализа дали се фатило коктелчето :^)

    Гњавење само али тоа е.

    На мајка ми и реков да обезбеди листа со сите вакцини кои сум ги примила кај нас во локалната амбуланта , заедно со датум и латински назив, и ми ја прати.
    Си набавив европска книшка за примени вакцини и ја дадов на докторот да ја пополни со податоците од таа листа.
    Првиот пат кога бев таму ми прогледа низ прсти, и со доза на сожалување ме праша од некое сиромашно село да не идам оти немам таква исправа :D

    Нема да ме чуди ако ми стаса некое писменце и за други ревакцини се додека сум под овој работодавецот.

    Луѓе јас офф да не сум. Темава во категорија бебе да ти била, а јас големка сум :D :tmi:
     
  19. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    277
    Првенствено ниедна мајка не е ниту луда, ниту неписмена, ниту неодговорна за да биде против вакцинација на своето дете! Ние сите сме мајки кои растеле во време кога вакцините биле редовна постапка и знаеме која е важноста од нив.
    Меѓутоа за жал денеска од една страна имаме архаични закони во кои влегуваат вакцини за искоренети болести, а од друга страна живееме во време кога фармацевтската индустрија е милјардерски бизнис, а нашите закони се во функција на тој бизнис.
    И нормално кога се во прашање нашите најмили и највредни, не е сеедно некој да ти каже дека нешто МОРА, само затоа што некој треба да профитира од тендери и набавки!!!

    Наши пријатели брачен пар доктори, мажот е гинеколог и не ја однесоа ќерката на вакцина за ХПВ :^) Што треба утре кога ќе имам ќерка да ја однесам кај него на консултација да ме убеди колку е добра вакцината и законот што ги штити девочињата ,а тој не дозволил неговото дете да ја прими вакцината??? Докторите знаат за другите, а не знаат за себе што е најдобро?!?
     
    На Anastasija-Velika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    10.527
    Допаѓања:
    63.242
    Пол:
    Женски
    Па јас не би рекла дека децата примаат вакцини за болести кои се искоренети. Можеби искоренети во развиени земји, но кај нас за жал, сè уште постои ризик од одредени болести против кои има задолжителна вакцинација. Тука би ја вброила BSG вакцината која штити од туберкулоза, која кај нас како повторно да зема замав, со оглед на сиромаштијата која расте од ден на ден.
    Што се однесува до самите вакцини, јас редовно го носам син ми на вакцинација, последните пет ги прими кон крајот на октомври, и сега сме мирни до 4 години.
    Јас пред сè би се осврнала на квалитетот на вакцините - не го знам точниот состав и се надевам дека не содржат штетни елементи, ама никој, никаде не може да ми гарантира дека вакцините се 100% квалитетни. Од друга страна, колку е корисна вакцинацијата? Доста видеа изгледав на youtube со оваа проблематика, и да ви кажам, имаат право и оние кои се против, но и оние кои се за вакцините. Барем прифатливи аргументи има и од двете страни.
    Забелешка имам (а сум слушнала вакво нешто и од педијатри) на календарот на вакцинација - кај нас непотребно се оптоваруваат бебешките организми со бројни вакцини во текот на првата година. Не мора толку да се брза со нив, бидејќи имунитетот не се развива само во првата година, се развива постојано.
    А што се однесува до ХПВ вакцината, како и вакцините против сезонски грип и алергии - е тука сум скептична. Не би дозволила моето дете да ги прима.
     
    На ♡BuBaLe♡, Kaetana, ciribiribela и 1 друга личност им се допаѓа ова.